Среќа во есен

Еве загазиме у нај есенскиот месец од годината, ноември. Секое годишно време си носи свои убавини кои му се располагање на човекот кој сака да ги овековечи, фотографски. Оваа година есента повторно ни ја подари целата своја убавина. Само што човек нема секогаш време да биде секаде кога е кулминацијата на убавината (читај: бои). Но јас не можам да се жалам, направив неколку убави фотографии, а и не е моја задача да ја документирам комплетната есен 😉
Боите полека исчезнуваат и сѐ постанува монотоно, ама сега ќе се надеваме на убавите магловити денови и можноста на “игра“ со маглата …

Последните денови, недели, изгубив интерес за презентирање на фотографиите по “социјалните мрежи“. Ногу беа контаминирани со “изборите“, изборите број – кој знае кој!!!
ДА! Издржав јуначки и ниту еден клик или збор за фразата која се вика избори. Не да се досадни и како сите до сега, туку полека постануваат и навредувачки. Го навредуваат секој поштен и лојален човек кој сака само едно – пристоен живот.
НЕ! Гого – НЕ!!!! Се зарекоме и ќе го спроведуваме понатаму – не лафиме за политиката и ситуацијата во Народна Федеративна Социјалистичка Поранешна Југословенска Република Северна Македонија….
Човекот со годините, дали станува по мудар или по мрзлив, тоа е прашањето сега. Едно од моите хоби е и моторциклизмот.
Како деца, едвај чекавме прилика да се извози некој мотор. Се организираше, бензин, мотор, резервни делови, сѐ се правеше само да може да се заврти едно кругче по градот, било у кое време на годината. Било под кои временски услови…
Денеска, кога имам на располагање неколку “возила“ во возна состојба, се убедувам да се извозам, ама за тоа треба сѐ да штима! Од време, од желба, па до слобода на мислите. Затоа шо јас не сум (или одамна веќе не сум) моторџија. Моторџија е човек кој целиот свој живот го подредува спрема моторцикалот и моторџијскиот живот.
За мене моторцикалот е една ногу убава направија да ме однесе до некаде каде сакам да стигнам. Не дека со автомобил или воз не се стигнува таму каде што јас одам (возам) со моторот, ама чувството на слобода и можноста да мислите ги пуштиш на паша, не заменливо е. ПЛУС, голем ПЛУС, е тоа што со моторот на ногу повеќе места може човек да застане и да фотографира… 🙂
И како што кажав, пред некој месец набавив нов моторцикал. ДА, радоста и задоволството беа и се уште големи! АМА здравиот човечки разум вика: Гого, кочи. Шо ќе го регистрираш сега на есен за два пати да го извозиш! И ОП, моторот спакуван ја чека следната мото сезона. Да. Демек здравиот човечки разум победува уште.
И воздржаноста. Ооо, тоа воздржаноста колку била скапоцена! Еве вчера, се случи тоа шо секаде владее – предрасудите. Човек кој моторите ги гледа само одзади на автопатиштата почна да лафе како ако не е “Харли Девидсон“ не било мотор. Само голтка, две – три, од пивото, никаква изјава и помина. Он и понатаму ќе си живее со тоа убедување, а мене ми заштеди реферати од стилот Харлито не е мерило во моторџиството како што ЕПСОНОТ не е во светот на штампачите или ЛИБК!ЕРОТ!!! во светот на багерите…
Е ноа, дека “АЈ-фонот“ правел подобри фотографии од мојот CANON на кој има објектив кој вреди колку две направии наречени “интелегентен телефон“ е тука не можев да ќутам. Ама човеците не само шо веќе се потпаднати на најголемите влијанија на “инфлуенцерите“ и “блогерите“, туку ногу од нив се занесуваат ако собрале 14 лајкови од роднините и пријателите се меродавни да лафат за микробиологијата…
ПОМИНУВАЧКА НЕКА ИМА.
Еве почна нова недела, со убав празник, батериите на фотокамерите повторно наполнети, картичките изпразнети, одиме на лов на нови убавини…