Сонце за сите!!!

Есен. Време кога владее маглата,  досадните дождови, ладното и влажно време. Време кога во воздухот се осеќа  мирисот на изгорените дрва, мулосаните лисја, на места и мирисот на комиње и пресноварица… Време кога насабајле во темно одиш на работа и вечер во темно се враќаш дома. Време кога се радуваш на викендот и време кога ќе те разочара баш тој викенд, затоа што исто така како цела недела е тмурно, влажно и ладно. Време кога само бегање во планините може да те спаси.
И бидна. Возот и на Риги.
А горе, на “Кралицата на планините“, прекрасно. Сонцето сјае и за тие шо немат шанси да го видат. Класичното “Доле сиво, горе плаво“ (unten grau – oben blau).
Да, го спакував “големиот ранец“. Покрај обавезните ситници за во планина, по незнам којпат во ранецот ставив и втор објектив – теле, демек ако затреба….
Не знам, ама искуството или расположението, не знам по што ама уште на третата фотографија ми беше јасно – денеска нема ништо од фотографирање… Од една страна светлото беше нај јако, сонцето со сета сила светнало, а маглата од одоздола како некој голем рефлектор уште по јаки ги правеше контрастите. На овакво време секогаш сонувам за некоја направија која ќе има динамичен опсег од едно, барем, 27 бленди!!! 😉
Вториот објектив не го извадив од ранецот, а ниту видео камерата не ме поттикна да се заинтересирам барем нешто да направам со постоечката ситуација.

Нејси. Се препуштив потполно на уживањето во сончевите зраци, чистиот воздух и планинскиот мир. И тоа беше доста веома врло добра одлука. Поминиме прекрасен ден, наполнети со сончева енергија ….
Се вративме во маглата и секојдневието со 34 (ни еден филм не исликаме 😉 ) фотографии од Риги, за разлика од “нормалните“ денови кога има од 400 до 600 фотографии, ама полни со енергија да од поново загазиме во секојдневието…
Ама како што вика митолошката “поминувачка нека има“, се надеваме дека во друга ситуација ќе имаме по добри карти или повеќе среќа за добри, интересни фотографии…