Воланот (во народот познат како управувач), десно од него рачката за менување брзини, мењачот, лево од управувачот, на еден шалтер, жмигавците, сирената и долгото светло. Лево на таблата, клучот за стартување на моторот, шалтерот за светло, десно на таблата копче за “четирите жмигавци“ и шалтер за брисачите (со луксуз во тоа време – четири брзини!!!) уште некоја рачка за греењето, шалтер за вентилаторот – И ТОЛКУ.
Од “асистенти“ лево доле рачката со која се премостуваше слободниот од на менувачот!!! И тиа асистент не беше алтоматски, возачот на возилото треба да одлучи кога и дали ќе го уклучи.
Ноември, деновите не да се намалија туку и да не ги осеќаме полека. Насабајле у темно на работа, навечер во темно од работа. По некогаш и заросува, а од магла сонцето две недели го немаме видено.
Во автомобилот веќе неколку месеци си правам терапија со Radio Swiss Jazz. И помага. Првично мислено како радио кое нема водители, муабети, вести ИЧ, за избегнување на депримирачките вести испадна убава работа и за намалување на стресот при управување на возилото. До душа ниа на семафорите шо дремат и не тргнуваат и кога возилото пред нив веќе и раскрсницата ја поминало, тиа ме нервират – за таа ситуација уште немам лек најдено како да не се нервирам!!!
Така возејќи во мугрите сабајле и темникот приквечер осветлуван од разно разни ADAPTIVE, MULTIBEAM и слични LED ламбички секогаш на ново си мислам колку сме испорачани на “машините“ кои ни “одземаат голем дел од нашата работа“. Предадени сме на “асистентите“ во новите автомобили и возила скоро да не мора “ништо да мислиме“.
Да така возејчи забележувам дека SKODA-та е новото AUDI.
До пред некоја година, секој шо имаше мислење дека е нешто посебно во бизнис светот имаше AUDI. У денешно време гледам дека скоро сите кои држат нешто до себе и со своите работни функции како некое си писарче или не дај Боже “груповодител“ има некоја од новите SKODI и се лепе на задниот браник давајќи до знаење дека ОН нема време да чека (да вози нормално). Истите тие новопечени возачи и сдреднокласци возат како да заедно оделе на занает со Хамилтон или Фетел, а ако нешто згрешат, тука е некој “асистент“ кој ќе пипне, свирне, закочи или затреси… секако дека можат да си дозволат НОВ автомобил со сите асистенти, познати и не познати…
А да, баш ме интересира како реагираат тие сигурносни асистенти на НИНЏИТЕ кои во овие мрачни времиња облечени во темни (невидливи) алишта шетат по тротоарите и чекаат да дојде некој автомобил и за да рипнат на пешачкиот премин, бидејќи они таму, на пешачкиот имаат ПРЕДНОСТ!
За среќа на нај експонираното место, каде има нај многу врсти на пешаци кои условени од модата се натпреваруваат кој ќе се облечи по добро во склад со есента, во темна, маскирна облека, тука на тоа место веќе втор ден се уклучени ламбичките кои не потсеќаат дека доаѓа Новата година со нови надежи (или старите, уште не искористени 🙁 )
Да првиот пасус не е препишан од упатството за WARTBURG W353 touring туку е повикано од некаде дибоко од потсвеста… Од времето кога автомобилите се возеа физички, и не беа потребни четиридневни курсеви за обука за управување со интермултимедијалниот систем на возилото…
(* С.П.К.Н.О.З.С. – систем за потоплна контрола на овците за стрижење)