Декември. Пред Нова година. Време кога се праве осврт на сработеното, поминатото ваа година. Време кога мислите се враќаат назад не само една година….
Некаде, долу, ногу долу у меморијата врежени се некои работи кои некако никако да се заборават, за разлика од тоа што не можам да се сетам каде го оставив “мобилниот харддиск“ пред 4 – 5 денови….
Да, некаде “длабоко“ во нас се меморирани “правилата на животот“.
Точак на две тркала учев на тиа, стандардниот од тоа време, точак кој беше на три тркала, ама кој исто така се претвораше во “вистински“ точак со две тркала. Нај ногу ми помогна во тоа Менча, комшика и братучеда.
Мотор сам се учев, по некој совет од братучедот Трајко Замбата, еден од ретките моторџии во тоа време и од списанието “АУТО МОТО СПОРТ“.
Тајните во управувањето на автомобил ми ги кажа тато, а и од него најмногу гледав. Финтите со тракторот ми ги откри зетот Нацо, не беа ногу, ама злато вредеа.
Да, ноа со бленда и експозиција е исто наследено од тато.
Како војник на Југословенската Народна Армија, ја имав можноста да полагам за камион со приколка. Обука по ПС-у. Ногу од тиа работи ми беа познати зошто таа обука (големиот дел) веќе ми беше врежан во потсвеста. Пред тргнување со возилото, вртиш еднаш околу возило, визуелна контрола, ОБАВЕЗНО проверување нивото на уљето и антифризот! Стартуваш моторот некое време работи во “лер“, малку да загрее, исто така не го гасиш одма од кога ќе стигнеш некаде, повторно го оставаш да поработе во лер…
Булдожер сам си се научив. Ханс ми објасна некои работи, ама на ископот и депонијата нема стандард, секој ден е нов аситуацијата… се научиме некако.
Исто така, стартуваш машина, чекаш да подзагрее малку и тогаш даваш гас до даска, и работиш. Завршуваш и ја оставаш машината да истине малку, тогаш гасиш – тоа и Ханс ми го објасна на машина стара 15 години!
И така си работиш, ја негуваш машината и она те служи доживотно.
Да доживотно ќе те служи. Барем до сега уште работи како пред 30, или 45 години.
Еден певач од просторите на бивша Југославија пееше: “правила, правила, да би ме удавила…“, тука во новата татковина има една изрека: “die Regeln sind da um sie zu brechen“ – правилата постојат за да се прекршуваат!
ДА, булдожерот го користиме веќе накај 50 години. И ние, јас и колегата (механичар по струка) сме горди шо по научените правила го користиме булдожерот а он ни врќа со беспрекорна служба.
Горди !!!
да. А плус и објаснуваме на другите кои не се придржуваат на правилата дека не е убаво така.
Горди ???
ШОЗНАМ, еве остана уште некоја година до пензија, и ако Господ даде здравје и ако не се случат големи промени и тиа години булдожерот ќе не служи и ни ќе го управуваме.
ДА, ги има и такви машинисти, кои не учеле во ЈНА или во школото за правилата и редот на користење на возила/машини. И тие не ги негуваат машините со кои управуваат како треба. И тие кои не ги негуваат своите машини постојано имаат проблеми со машините.
А кога некоја машина прави проблеми, повеќе пати, тогаш се заменува со нова.
И така тие шо не ги следат правилата и не ги одржуваат машините, на секои 3 – 4 години добиваат НОВА машина, а јас, колегата, ( и тие како нас) кои ги одржуваме и пазиме машините сме “наградени“ со беспрекорна работа од страна на машините. Ја имаме привилегијата да возиме машини по 20, 30, 50 години стари. Ние сме поносни шо греењето во булдожерот “накалемено“ пред 40 години уште работи како првиот ден, никако.
Недела, во декември. Утринското сонце не подмами да се одлучиме да денот го поминеме на матичната планина Риги. После пријатната прошетка за враќање се одлучивме да го земеме возот во 14:21. И бидејќи веќе бевме изморени од пешачењето, застанавме некоја минута по рано на станицата…
И ОП еве еден воз 14:15. Обично во неделите и празничните денови има возови за растеретување па побрзавме да го влеземе во него. ПЛУС тоа не беше “обичен“ воз. Беше една од историските композиции кои се уште се користат за превоз на патници. Погонскиот вагон, година 1911, и вагонот 1875 година!
ДА и тука се забележа дека го користат човеци кои се држат на правилата. Возот во потполн сјај. Како нов. Е сега за тој да се движи на трасата му треба посада од четворица шо машиновозачи, шо кондуктери, шо послуга…
Радоста беше наша, ама дали персоналот ја има истата радост? Или преку ваквоа му е дојдено од одговорност, да бидат сигурни дека секоја врата е затворена, дека нема некој да “рипне“ од возот при секое намалување на брзината….
Нивото на уљето и антифризот во возилата, одамна веќе не ги контролирам, ниту па се вртам околу кола (Бог да чува насабајле тоа да го практивкувам). Денешните возила сигурно имат некоја ламбичка или такво нешто шо ќе се побуне ако нешто не е како шо треба.
ДА. И блендата и експозицијата одамна веќе “нарака“ не ги навивам, а за оддалеченоста (фокусот) муабет да не правиме.
ДА, правилото: “вистинските фотографи фотографираат во маунелен модус“ го кршам ѓоа ваквоа!!! Јас не осеќам потреба или желба да вртам на бројките на камерата дури мотивот ми бега…
ДА, има правила кои се стари со векови или колку што е старо човештвото, ама и за тие и за правила настанати вчера, важи:
правилата постојат за да се прекршуваат!