“Ви ги честитаме Божиќните празници и ви посакуваме среќна Нова година. Нас ни е жал што поради “Корона мерките“ не сме во можност лично да ве контактираме но се надеваме дека нашата соработка и во иднина ќе продолжи…“
Средина на деведесеттите години на минатиот век. Обично после првиот Адвент, некаде почетокот на декември, кога уште и “сезонците“ не беа заминати, почнуваа посетите од трговските патници, претставниците, газдите од другите фирми па дури и од задоволните муштерии. Доаѓаа во сепарацијата да се заблагодарат за добрата соработка и “узпат“ да поделат по некое поклонче / реклама од својата фирма.
Календари безброј, упаљачи цело зимо на нив да се греиш, пенкала неброени… и сега ако сакаш да се издвоиш од другите и покажиш дека успешно си работел годината ќе има и по некоја маичка, палто или часовник. Од муштерии страна, обично фармери од околината, обавезно од најубавата ракија.
Ниту сега тоа ни фале, ниту тогаш ни требало. АМА во тоа време на безинтернетски медиуми, муабетот беше основа на рекламата. Нормално секој газда обожаваше и се гордееше кога ќе слушне дека е пофалуван у околината како “богато“ се заблагодарил кај муштериите/соработниците.
2021во лето Господово. Декември помина, до душа утре е 24ти, ама од утре и почнуваат Божиќните и новогодишните празници.
Кој дојди дојди. Помина времето на делење “пакетчиња“. А дојди само ЕДЕН претставник на фирма од која трошиме материјал. И дојди оти и он е од просторот на бивша Југославија и си го имаме муабетот, не само за “бизнисот“.
Ама не е само тоа сменето. Светот забегува се повеќе и повеќе. И покрај тоа што традиционално ќе може да ги изгледаме “Кевин сам дома“, “Сиси- моминските години на една кралица“ и за Новата година “Вечера за еден“ и обавезателниот пренос од Виена, у последно време не утепаа со “прилагодување на традициите“ спрема ранетите групи, педери, лезбејки, муслимани, домашни животни и слично.
Ете веќе и децата знаат дека поклоните не ги донесува “Дедо Мраз“ туку “ДХЛ“ и никој не чека честитката да му ја донеси поштарот туку ќе провери на “социјалните профили“ кој мислел на него и со едно НАЈГОЛЕМО “копи-пасте“ од СЕ срце ти посакува САЈ нај убаво за новата ни година.
И така како лани, кога покрај сето друго си посакавме да има крај и на оваа агонија наречен Корона, оваа година крајот на Короната ќе ни биде на прво место. Затоа што она е за СЕ друго крива шо веќе полека ама сигурно не функционира и замира….