Фотографирањето како дисциплина за релаксирање го практикувам веќе неколку години. Ретко, ногу ретко, скоро ич, не сум тргнал некаде со ниет да направам убава или фантастична или единствена фотографија. Нормално, по некогаш се ствара ситуација да на “местото на настанот“ се направи случајно убава серија, која има лик на промислена “сценографија“.
Луцерн, во Кантон Луцерн од Швајцарската Конфедерација, вечерна прошетка. Со мене (нас) и мојот верен сопатник – CANON. Времето променливо, се менува помеѓу врнење дожд, врнење снег и “освежувачки“ ветар (да не речам ладен). Во градот на светлината Луцерн оваа недела и “Фестивалот на светлината“ во гости! НОРМАЛНО неколку десетици фотографии ќе се направат сакал ти или не. И така се враќаш дома ги разгледуваш фотографиите и викаш, е да беше… И така другата вечер повторно таму ама овој пат со статив. Не дека помогна нешто. Од дваесетина инсталации, дали една две се со “не подвижна“ светлина.
И така, ќе се распрашуваш по “колегите“ кој, кога, како, за да на крајот дојдеш до неизбежното, … ама знаиш, во фотошоп уште малку… МЕРСИ (по француски) не немам мерак моментално да се занимавам со обработка на фотографии со компјутерот.
Тоа е тоа, сурово, 1:1, од картичката преку компјутерот во интернетот…