Шо мислеме, шо испадна…

Во дигиталната фотографија само два филтери (уште) не можат да се заменат со дигиталната обработка, “неутралниот сив“ и “поларизациониот“ филтер.

Првиот викенд оваа година без обврски и планови. Идеално време за прошетки, така без термин и без цел. Испадна прошетка од еден од нај големите градови во Швајцарската Конфедерација до едно од нај живописните предели во неа.

Убаво беше и таму и таму.

Недела, сонцето сјае ѓоа се спрема за олимписките игри, а температурата тврдоглаво стое некоја цртка под нулата – цел ден. Па ајде ако нема температура, нека биде сонце скроз!

И шо ми текна да се по разбуричкам по тоа кутиите и да земам еден филтер, ПОЛ-филтер. Сега м и е криво. Испаднаа неколку добри фотографии, ама на неколку тој, филтерот а покажа сета своја негативност…

Поминувачка нека има…
Од сега па до следното одлучување, да земам јас пак филтер, а тоа ќе биде во иднина, далека иднина…