Ќе чекам на ќошто.
Една од нај користените реченици за договор. По некогаш и тоа не мораше да се каже. Се знаеше која екипа у колку саатот каде се собира. Кои кафиЌи “наши“ беа и по која програма поминува денот или вечерта.
Имаше и време кога, по касно, во туѓината пуста да остане, се створи повторно екипа за дружење и како швајцарски саат секоја среда во толку саатот беме таму, а во сабота во толку саатот беме таму.
Се појавиа и првите мобилни телефони во Швајцарија наречени “НАТЕЛ“. Со нив можевме да се јавиме и да напишеме СМС. Тоа се случуваше кога не беше среда или сабота а требаше (сакавме) да се собереме.
Поминаа тиа таквите “обавезни“ дружби. Сите ние добивме нови обавези и нови интереси. Индивидуални.
Нателите постанаа “смартфон“, а и компјутерите постанаа средство за комуникација и “дружба“.
Па така се повеќе поминуваме на виртуелно дружење.
Се појавија и “социјални мрежи“. На почетокот ги избегнував ѓоа “синдикални ноќни школи“, ама со времето си легнаме на брашното. Па ги користам можностите да ги споделам моите фотографии и мислачки со цел Свет…
И фацебукот и инстаграмот како платформи на кои ги споделувам моите фотографии веќе не се тоа што беа пред 7 – 8, или 3 години…
Забегана е работата. Инстаграм како “чиста платформа за споделување на фотографски моменти“ прерасна у нешто измеѓу панаѓур и јавна куќа.
Фацебукот од првичната замисла на господинот Сссакерберг да биде платформа на споделба на личните активности прерасна у најголемото буњиште во интернетот…
Се повеќе ме фаќа страв да направам КЛИК на фацебукот и да разберам кој од моите ПРИЈАТЕЛИ шо направил / измислил.
Во последно време на секое “отварање“ се појавуваат работини од стилот на ниа ланчаните писма од времето на ИТД и ПОЛИТИКИН ЗАБАВНИК кои те условуваа да испратиш 20 писма на други човеци иначе ќе те снајде несреќа, по математика ќе добииш еденица, на фудбалот ногата ќе си ја скршиш и на крај и на комшијата козата ќе му умре…
Дали јас ако напишам дека имам проблеми со сајлата од рачната кочница на колата, дека веќе неколку денови ми забранија да свртувам во лево на раскрсницата на која 26 години сум свртувал во лево, дека на кафемашината е бележен иноксот и никако не се мие, дали и со мене некој ќе се сочуствува?
Да. Ќе речете, тоа не се проблеми. А дали има големи и мали проблеми?
Дали малиот проблем помалку неугодности ти прави? НЕ. Барем кај мене секој проблем предизвикува немир и несигурност. Угодноста која ни ја нуди WWW ногу ујгун ни дојди, на сите, поготово на генерацијата како мене која израсна без социјални мрежи во Социјалистичка Федеративна … Во време на безверие, во време кога секој проблем се криеше под тепих, во тесната фамилија. Кога беше срам да се лафе за двојката по хемија или за потпарените јајца. Кога за мртвите не смееше (И уште важи!!!) лош збор да се каже. Кога ќе “г’таш плунки“ наместо да го отераш у три до четири пичке материне “ближниот свој“…
СЕ со врховната помисла/правило: ШО ЌЕ ПОМИСЛАТ ЧОВЕЦИТЕ?!?!?
Е сега, благодарени на господинот Сссакерберг & Co. заштитени зад мониторот и со наострени прсти на тастатурата СЕ може да си кажиме/напишеме. Сега сите се сочуствуваме со “ранливите групи“. Сега сите сме филозофи и мудреци на сите полиња. Сега сите на секој му честитаме сѐ и сешто…
А тоа сето го завршуваме со …. ЕНТЕР.