Покрај “ќути, има и по лошо“ и “поминувачка нека има“, “ПО ПАМЕТНИОТ ПОПУШТА“ е исто така суштински врежана во Македонското битие. Од тоа, “по паметниот попушта“ дојдоме на воа дереџе.
Условен од годишното време и околностите, моментално имам доволно, дури премногу, време за размислување. Во последно време, губејќи го времето пред воа телевизорот, на социјалните мрежи, повторно ми дојде нагон да стиснам “одјава“ + “ЕНТЕР“. Со желба и надеж дека ќе се спасам од нападот на шкарт и кич кој полека ама сигурно се повеќе завладува со интернетот. Да, проработи ноа “по паметниот попушта“, АМА па од друга страна си викам: ЗОШТО???
ЗОШТО треба, демек “по паметниот“, да попушти? За да завладее глупоста?
НЕ. Не правам “одјава“ + “ЕНТЕР“!!! Можеби нема да се акам толку по интернетот, ама она што го мислам дека е убаво, убаво ми се случило ќе го споделам. ЗНАМ, моето убаво нема да им биде убаво на сите, ама јас НЕМА да споделувам по интернетот вести и убавини од стилот “на бате у војската еден војнички му расправал како на вујко му комшијата правел ногу благ мед!!!“
Викендот кој помина, ми помина во “планирање“, реорганизирање на медијалните формати ми мои. Полека се изкристализира, фотографиите одад на еден компјутер, видеата на друг, а третиот е задужен за комуникација и презентација низ светЦките социјални мрежи и медиуми.
Во еден момент (подолго малку де) ми дојди идеја да фотографските видувања добијат сопствен јутубе канал. Да не се мешат фотографиите со видео записите од моторџииските ми возења. Клик тука, клик таму, ЕНТЕР и бидна, “новиот канал“ преработи. Одма пробното видео и …. помислата, ПОТРЕБНО ЛИ МИ Е ОВА??? И еве само неколку саати по касно, не сум ногу сигурен у “концептот“.
АЈ, ќе преспииме уште еднаш.
Да, сакам да ги споделувам убавините кои доживувам, и не, не сакам да се контаминирам со филозофии од (бело)светЦки самонаречени мислители. Па затоа моите фотографии ги расфрлав по ногу “чистокрвни“ фотопортали… и да, на јутубето. Не, не очекувам ни лајк, ни срце, ни било каква награда. Ако некој ја забележи и ужива малку истата убавина што јас ја уживам, доста е.
www.ristovski.ch и www.foto-gogo.ch се зборните места, тука има доволно “убави работи“ а од тука може човек да продолжи до многу други места за откривање на интересни работи…
п.с. по се изгледа, јутубе “понудата“ ќе си остане како до сега, или шо мислете вие???