“Денови на Македонската светЦката фотографија“
Сè се движи, сè се менува…
Има кажано некој од ниа филозофите или физичарите кои не дојдоа во допир со “WWW“.
А во денешно време на глобална поврзаност, не да се движи, трче, лета !!! Пред петнаесет години, за учество на фотографска изложба, од моите приложени осум фотографии шест беа со класична (аналогна техника, камера со филм, па развивање, па зголемување на хартија) и само две “пробни“ со дигитална изработка. Тука почна и мојот интерес за “уметничка“ фотографија, демек фотографираш за изложба. Изложбите беа во простории, галерии, па фотографиите беа изработувани во по големи формати, затоа што посматрачот не можеше да ја зголеми со “ширење на два прсти“!!! Тука, во тоа време, исто така го осетив она: Фотографијата на хартија (што по голем формат тоа по добро 🙂 ) е крунисување на фотографирањето.
Времето се движеше, течеше, па ногу работи се изменија. Аналогната фотографија, дали во еден или два наврати (читај: еден – два филма) во годината ќе ми текне да ја “размрдам“. Фотографии на хартија? Ретко. Пет – шест за клубскиот годишен натпревар, и некоја за на ѕидот во станот (календарите не ги рачунам). И секоја година, за “Денови на Македонската фотографија“.
Не, на “Денови на Македонската фотографија“ до сега ни една моја фотографија не беше примена. Не се лутам. Пак ќе испратам. И знам, пак нема да биде примена ни една моја фотографија. Јасно ми е мене. Та не стискам на ноа чкрапалото од вчера. Јас годишно (во дигиталната ера) правам по едно 10 – 15’000 фотографии од кои едно 200 – 300 можат да се користат, кога викам да се користат, мислам дека толку фотографии без никакви интервенции можат да се користат за изложби, календари, постери и да останат за архив…
Знам, можам јас и само 2000 фотографии да направам и сите тие да ги дурдисам, или можам од ниа 10’000 да исечам, изшминкам, преправам и 5’000 да бидат потенцијални, АМА зошто? Имам ли потреба, желба? ЈОК.
Еве и сега, ќе седнам и ќе одберам четири од тие два-триста фотографии и знам, пак ќе поминат црнобелите портрети од некои си “измачени“ ликови…