човече со мало цоце?

Мистериите на Универзумот.Има некои работи кои човек уште не можи да ги одгонетне.Како снемува чорапи во машината за перење.
Како лозарите во Македонија уште не знаат за што се користи  грозјето.И  како, ова денес повторно ме тера во очајување, ги снемува моите коментари во фацебук без трага?!?!?!?Да, коментарите мои не се бројни. Во никој случај навредливи. Памет од дамна веќе не солам. Едноставно по некогаш, пишувам коментар како моја мисла или мое видување на работите.
И ОП, ќе се налеташ повторно на некој со мало цоце или некоја бедна, мизерна личност која не знае да чита, па ако не е ноа “БРАВО“ или некоја сликичка со пехар или медалиа одма ги бриши за него не сфатливите коментари…
Да се лутам – не! Со тоа само потврдува дека некој нешто го заболело, а вистината по некогаш НАЈ многу боли. Тоа е и потврда дека доволно е да напишам по еден, ама УБАВ, коментар од колку како цел фацебук тим на тие “со мало цоце“ што во без крај  се препукуваат на најниско ниво.
А да, продолжете и понатаму да си го користите фацебукот како вас ви е ујгун, а јас и понатаму ќе ставам по некоја сликичка (моја, без налог на претпоставениот) и повторно ќе пишувам коментари (ретко, ама мои мисли, а не партиски спремни текстови…)
И ДА! Од грозјето се прави шира, вино, ракија, па дури и рчели 😉 и ако не сте способни да направите нешто од тоа – не закројувајте, никој не е должен да ви го купи грозјето!!!

А коментарот не беше кој знае што. Не дека ќе го сменеше Светот, а нај мала рака состојбата во мојата Татковина бр.1
Коментарот беше како забелешка на тоа со какви се не логични работини сме опкружени моментално.
Како е можно да во едно општество со Специјалните единици на Министерството за Безбедност се спроведуваат одлуките на Министерството за здравство, а истите мерки не важат за Министерството за земјоделство …
ПО точно кафани се затварат и газдите казнуват за тоа шо имало по некој без “документ“ а на прославата на Св. Трипун истите тие мерки не се ни спомнуваат, не па да се запазат или не дај Боже, не, не дај Св. Трипун да се казни некој.

А Св. Трипун т.е. Св. Трифун прерасна у медиумска битка помеѓу сите кои имаат “силна желба да бидат нешто“, во овој случај лозари или земјоделци или винари или сѐ нешто шо е врзано со овој “традиционален“ празник.
Жално е што како и од многу други примери и тука тие вистинските ќе се откажат од учеството. Во спортот, во религијата, во клубскиот и во други области имам доживеано без број примери како тие вистинските се откажуваат, бидејќи не сакаат да бидат дел од некој си нашминкан извитоперен Свет кои го прават тие “ногу сакам да бидам“ и лигавеши кои баш тој ден, тој момент многу се осеќаваат меродавни да се дел од циркусот.

И тука стапува во сила, старата Македонска мудрост:

» Поминувачка нека има! «