И ОП!!! СИТЕ во модус на геополитички, историски, бојни експерти.
На кој лошо има направено Олга од четврти спрат или Јуриј продавачот??? Што имаат они лошо направено та некој што не сака да си го мери у песокот му ги бомбардира домовите??? Колку треба да си изолиран и не ук да во 21ви век не си разбрал УШТЕ дека ниту една војна не носи нешто убаво и дека во војната сите се губитници, невините најмногу.
Каде е атомското оружје на Садам, каде е заканата од Гадафи? Ма каде се сега “нивните“ пари???
Господ здравје да и даде на војната, не спаси од короната!!!
Наеднаш ја снема короната. Преполните болници, стотици ново инфицирани секој ден, ништо веќе не е опасно.
Моментална закана на Светот е тавариш Путин.
Ја имав таа среќа и привилегија (или пак не) да се родам и израснам во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Дали вештачки или нашминкано, моето детство беше безгрижно.
Ја имавме таа привилегија да и покрај тоа што живееме во една социјалистичко – комунистички настроена земја имаме непречен контакт и пристап до “западниот демократски и напреден Свет“.
На телевизијата, во тоа време распласната на два-три канали, имавме можност да гледаме филмови од цел Свет. Со тоа мислам како на Холивудските, така и на ѓерманские, француските па и руските. И сите ни беа интересни. Касно многу покасно ќе ги “засакаме“ и ќе ги цениме повеќе холивудските блокбластери.
За разлика од руските бајки во кои доброто секогаш го победуваше злото, доброто претставено како некој воин на коњ со сабја во рака, а лошото како змеј во снежните планини, американските специјалци со ногу пушки, пиштоли, динамити и секако сам на себе оставен победуваа цели диктаторски режими по јужна америка, блискиот исток, африка и некаде по границите на СССР.
Во некој филм, имам слушнато, разбрано, дека француското писмо и граматика е така измислена да по сиромашните не можат да си дозволат учител кои ќе ги научи на писмо и граматика и со тоа се предадени на милоста и не милоста на владетелите…
Бидејќи денеска по големиот дел од жителите во Европа, америка и Азија веќе се писмени, борбата меѓу “владетелите“ не е веќе околу писменоста, туку околу можноста да на писмените им се сервира вистина како што им одговара на тие исти владетели (читај империјалисти).
Па така кој како ќе допре до некоја власт, како давеник ја фаќа сламката наречена медиуми (весници, радио, телевизија и секако интернет) и почнува да шири вести од кои има најмногу профит.
Израснат во една, повеќе од животот поминат во друга морална средина, научив да работите ги гледам од две (сите) страни. Уште од многу одамна не ми е јасно зошто морам да верувам на американските и британските известувачи а не на руските и кинеските?
ДА! Американските и британските се “демократски и слободни“ !!!
А кој тоа го тврди???
ПА ДА. американските и британските известувачи …
И така дури умоболните и дементните немаат што да мерат у песокот па силата ја покажуваат со тоа колку успеале своите следбеници да ги научат тоа што треба т.е. тоа што они сакат да овие знаат, оваа топка наречена Земја, ќе трепери од следно можно зло. И нормално у тие такви игри, губи тој што стварно нема врска со сето тоа, нормалниот човек. Милиони ќе страдаат а милијади ќе се тресеме од страв кога кој ќе ја репнат првата атомска бомба, па така убаво и безначајно сите се сториме пепел.
И така.
Овие денови потрефен и од “крајот“, мислите не само што не можам да си ги средам, туку има и толку мисли шо не можам ни да ги прелистам, не пак да ги напишам.
Можеби некогаш кога ќе смогнам сила ќе напишам за човекот (пациент), како извор на материјално богатство (за некој) а не како пациент, човек, за човекот, учесник во сообраќајот, како егоистички ѕвер, за човекот Гого кој пред секое одење во татковината не спие со ноќи и пие апови за смирување на стомачето, за човекот традиционалец кој никако да стекне нови навики и упорно ти дише во тилот и покрај тоа што злото корона уште не е поминато, за човекот лојален граѓанин кој по секоја цена сака да те убеди дека неговото мислење е точно и единствено вистинито, за гостопримливоста на Македноскиот народ кој користи секоја прилика да те заебе некако, ….