Среќен 8ми март, интернационалниот ден на жената!!!
Конечно!
Конечно успееја. Не, жените не се изборија за конечната рамноправност, (во некои области не само што се рамноправни туку се и привилегирани), успееја “вишите сили“ и “демократијата“ конечно да “докажат“ дека Русија е лошата страна на Светот.
ГОГО БЕ!!!!
Нели рекоме не пишиме, лафиме за политика?!?!?
Ама воа не е политика веќе. Воа е ебање у здрав разум!!!
Со децении се работе на тоа да на СИТЕ ни вградат мислење и убедување дека само “демократскo свесните“ американци смеат по Светот да бомбардираат, уништуваат и пљачкосуваат, сѐ под изговор дека е тоа борба за демократија и човекови правдини.
НИКАКО, никако човек не може, па ниту јас, да го оправда ова шо го прави тавариш Путин. Да даде господ дупло да му се врати нему и на неговите најблиски тоа шо он му го прави на милиони невини души. Ама во војна има САМО ЕДНО правило: “во војна НЕМА правила“.
Светот доби, доби ново зло. После короната која уште е меѓу нас и од која уште стотици, илјадници човеци страдаат, сега се појави Путин и Русија и СИТЕ ние заеднички мораме да се бориме и го победиме тоа зло – така викаат демократски, либерално, напредните сили!!! Истите тие шо направија чепршок во Србија, Иран, Либија, Авганистан, … како ослободители и спроведувачи на демократијата!!!!
НИШТО.
Светот отиди или на нај добар пат е да замине у (три лепе) пизде материне. Забегана е работата. Наше е како ќе се најдеме и снајдеме, ние како безгласни, без вредни бројчиња на ова шо се вика планета Земја, ако и од неа остане нешто, ако ниа умоболните не ги стиснат дугмињата и така квалитетно направат се пепел.
Мене ме нервира шо како и секогаш, како и во сите области, па сега и во оваа “војна состојба“, наеднаш имаме безброј експерти. Експерти на интернетот, на фацебукот, на инстаграмот, на тик-токот и на шо уште не какви платформи, СИТЕ убаво и совесно контролирани од “добрите“!!!
Ме нервира шо мојата сакана марка CANON, одлучила да се вклучи во борбата против “злото“ па од одма нема да врши испорака и продажба на свои продукти во Русија. БРАВО! Тоа уште една причина за да се размисли, конечно да се помине на друг продукт…
Ме нервира шо тука, во западниот демократски и слободен свет, се организираат демонстрации и хуманитарни акции, СЕГА, кога пукна!!! Каде беа последните 5, 6 , 8 години ??? Зошто никој не се заинтересира сите тие години.
Ама сега, сега е прав момент за собирање на поени и лајкови…
САМО, само да не ги репнат ниа атомските и нуклеарните арсенали, после се ќе биде епси бир.
А Светот после сето ова нема да биде ист, нема да биде по добар.
Купени авторски права.
Купени “CO2“ контингенти.
Купени слободи.
Купени вакцини.
Купени човечки судбини.
Дали ваа топка наречена Земја, била некогаш по не перспективна за “човечки“ живот???