Чекаш забчињата да испаднат, чекаш да преодиш, чекаш цицката да ја ослободиш, чекаш на школо да почниш да одиш, чекаш свидетелството, чекаш летниот одмор, чекаш 29ти ноември да дојде, чекаш нова година, чекаш резултати од приемен, чекаш у војска да одиш, чекаш редовно да искористиш, чекаш да ти се јават за стан, чекаш сватовите да се соберат, чекаш првото дете, … па после оно така.
Чекање, цел живот убавини или пак не или комплет како шо доликува на живот, чекаме нешто.
Еве сега чекам да се јаве Ване и да каже кај ќе го пииме кафето.
Па чекам да се стопле уште малку (шо нема да се случи) па да го извозиме моторот.
А и тоа го чекам, цело зимо. А последните три четири денови, интензивно.
Со чекањето убави работи сакам да ги заборавам не убавите и сакам да си најдам смисла на човечкото постоење. Убавите работи и чекањето да дојдат, се тие шо ти дават сила да во тешките моменти/времиња преживеиш, некако.
Еве првите убави работи се дочекани.
Кафето закажано, моторката спремна и времето колку толку пристојно за возење… СУПЕР.
Сега од кога ќе ги изгустираме овие убави работи, ќе чекаме да го регистрираме новиот мотор и да направиме неколку убави возења со него.
А да, чекам и мотивацијата и желбата за фотографирање да ми се врати…
чекам…