После прашина, дожд.

И порано го имаше, чат-пат. Можеби еднаш во пет или 7 години. Ама како старееме се повеќе зачести. Од неколку пати во година, сега допреме ѓоа менструација, секој месец. Ноа чувството, на вакум, на не мотивираност, на не заинтересираност, за се, па дури и шо ќе јадиш или дали и ќе јадиш за ручек. Кога си разочаран нај ногу, од животот. Едноставно време во кое чекаш да поминат саатите, деновите и да дојде пак некоја светла точка по која ќе тргниш, не мора ни напред, важно да се движиш.

И само трпение, има спасение. Помина. Помина уште една не креативна, една депресивна фаза која ќе ја заборавиме под итно. До другата “средба“. Но како и од секоја битка, така и од оваа излеваме по јаки и по искусни.

Еве повторно ги гледам убавините на Светот, чат-пат има по некоја перспективна фотографија. Набавив и точак, во народот познат како велосипед. Моторите спремни, регистрирани  и осигурени за претстојната сезона. И сега?!!?
ОП – ДОЖД.

Таман време за организирање и средување на сликичките од минатите недели, месец. И шо е нај сигурно, седи си дома. Оти шлапаници на летат на секаде. Од ѓерманија до америка. Во последно време ногу комедијанти ја осетија реалноста по образ. Никое насилство не е за одобрување. Секое насилство е да се санкционира. Па тоа да биде и само една шлапаница. АМА, во двете медијални случки, мислам дека не е баш претерано, поучно може да  се рече.

Од дамна веќе не седам пред телевизорот и гледам хумористични програми. А имаше стварно добри емисии и комедијанти. АМА со појавата на таканаречените “старт уп“ комедијанти, полека ама сигурно ми се згнаси хуморот. На почеток сите се добри. До душа на Емил Штајнбергер никој не може да наближи, ама имаше интересни деца. Дури не ги истрошија маалските вицови и почнаа да си создаваат нивен Свет во кој они се мерило за “нормално“ и сите други се или глупи или тупи или и двете…
За тоа баш и не му завидувам на шлапаничарите кои малку ги приземјија арогантните така наречени комичари – уметници.

Како на тиа препотентните комичари шо добро ќе им дојди шлапаницата, така мене добро ми доаѓа светлината, сенката, бојата и убавините шо ни ги приредува природата, и која ме потсетува да ги наполнам батериите на камерите и да се впуштам во убавините за да не ги испуштиме нај убавите моменти кој идат, секој момент…