»Urheberrechtsbeschwerde
Die Monetarisierung ist bei diesem Video aufgrund einer Beschwerde wegen Urheberrechtsverletzung nicht möglich… «
Уште еднаш повеќе чичковците од ЈУТУБЕТО напишаа до видеото кое јас беше сум го направил и ставил на мојот ЈУТУБЕ канал.
Со години се прашувам шо есап они имаат од моите видеа кои стотици мегабајти на серверите заземаат. Бидејќи ја имаме привилегијата да безбројни видеа во не ограничен капацитет постираме на ЈУТУБЕ каналот, гледам колку толку да работам по нивните правила. АМА во последно време се повеќе ме нервира таа нивна навика да ти го блокираат видеото само заради тоа што во позадина се слушала некоја песМа од некој филанкиш човек ама за која песМа НЕКОЈ имал авторски права. Арно. Се слагам кога некој певец или певаљка измисли песна а испее и после сака од тоа да заработи пари. Човеците треба од нешто да живеат. АМА батка, ногу ме нервира, ми се превраќа у цревата (со посебен осврт на дебелото црево!) кога некоја “мјузик компани“ се прави газда или владетел на авторските права на Елвис Присли, Мајкал Џексони или па дури и на композициите на Моцарт и Бетовен!!! Ајде, Присила или некој од браќата на Мајкал можеби некако по некоја дага ги продале правата, ама баце, од каде до каде некоја компанија која заради тоа шо не знае шо да прави со парите постанала и музичка компанија има право на тоа шо Моцарт го измислил, напишал, исвирил, ?!?!!??
Тоа не и многу трагично кога ќе го гледаме како ситуација помеѓу ЈУТУБЕ корисниците и газдите. АМА ако човек си замисли, како некои компании кои нешто не можат да го купат со пари, го купуваат со НОГУ пари и како тие исти компании не држат после во заложништво, човек треба да се замисли! Петролејските фирми одамна веќе не м’зат како ќе стигнат и како им требат бројките. Светските мултикомпании кои ја контролираат водата за пиење со години за сопствен профит ги уништуваат некои региони од ова топка наречена Земја. Фармацевтските фирми веќе не “вакцинираат“ како сакат и колку сакат, банките го имаат секога спремно одговорот “ шо да правиме, така е таа…“
ДА. Моментално сум разочаран од “општата ситуација“. Боли, до коски и душа боли кога ќе сфатиш колку не битен си како единка. Кога ќе сфатиш колку убаво не имаат под контрола.
За среќа уште ни даваат да дишеме, без некој да му текнало и воздухот да го лиценцира и ни го наплаќа, и колку толку имаме слобода да прошетаме и се сликаме 🙂