Времето како некој “Фергусон“ у втора спора си оде полека и газе сè шо му е на патот. Така како една не битна единка на виа Свет гледам и се чудам на сета ситуација и пред се на суштината на човечкото битие?!?!? После агонијата со короната, сега на ред е нова закана за човештвото, Русија и чи Владо. Медиумите од цел Свет (кога они мислат на ‘цел Свет’ тоа се однесува на америка и европа) ни пласираат вести дека целото зло доаѓа од кај на нас братскиот и пријателски народ на Русија. Да, точно е тоа дека братскиот и пријателски народ на Русија го нападна и го т’че братскиот и пријателски народ на Украина ама дека сѐ е црно и бело, извини, не можам да верувам.
Па така братскиот и пријателски народ на Украина помогнат од демократскиот и хуманитарен западен Свет, читај америка и европа, го направија ПЕПЕЛ!!!
Жално е, гревчиња се братскиот и пријателски народ на Украина кој како јагне курбан отиди за интересите на демократскиот и хуманитарен западен Свет.
Дали ќе им текне да кажат: “де бате, де не ме брани веќе!“
Лани есента си дозволив и ми купија 🙂 ‘нов’ мотор. Добро де на старо купен и осум години стар, ама во споредба со тие што ги имам НОВ. Нормално, есента дојди, не изгледаше дека ќе има шанси да се вози доволно, па регистрацијата ја оставив за во пролет… И така дојде април, и ако месец со ‘Р’, го регистрирав. И ги извозив првите километри како така, со многу респект. Пред се заради тежината, за разлика од ‘старото’ BMW е едно 60 – 70 килограми по тежок, дупло по снажен и … нов ми е 🙂 !
Лани кога го видов, беше љубов на прв поглед. Некој ден по касно, кога ми го донесија бев нај среќното дете на целиот Свет и околината (од дамна не сум се радувал на било што така).
Оваа пролет со секој поминат километар нашата врска станува се по јака. Едноставно го сакам и го обожавам моето ново моторче. За разлика од претходниот, кој во меѓу бреме е со статус на »Ветеран«, со новиот откривам нови хоризонти на возењето на моторцикал. Се надевам дека ќе трае…
Понекогаш се мразам шо колку толку, се разбирам од техника и машини па секоја “промашена нота“ одма ја регистрирам. Не дека нешто е грешка, ама си викаш така ли треба да биде. И шо ми текна ај да направам споредба со нај новиот BMW R1250RT. Имаше прилика, и ајде. И нормално, нај новиот модел, со неколку километри на тахометарот, со нај новата техника и технологија.
И кога би рекол дека мојот ‘нов’ R1200RT, за разлика од стариот R80RT, се вози неколку пати по добро, нај новиот модел R1250RT кој го пробав е уште еднаш толку по добар од R1200RT-то.
И така сега сме во преговори со љубезниот и овластен сервисер за BMW да го преверат мојот R1200RT…, има неколку точки кои треба да се разгледаат, стручно.
Пред ногу години, во лето Господово 2010-то Гого со огромна помош од Ване извозив релација Арт – Кавадарци (1840 км) на точак! (во народот познат како велосипед). Од тоагаш наваму Гого го запостави возењето со велосипед а и било какви други спортцки активности. Па така, а педесет и кусур години, се појави потреба од физички дејности. Гого пак набави точак (Ване ми дади еден) и сега ќе треба да го вртиме… Гого не ќе биде Гого ако и тука не измисли нешто. Од моите возења со моторот ја имам навиката да ги бележам поминатите патишта и улици. Колку километри поминал, за колку време, а нај интересно е после кога ќе видам на карта каде сум поминал 🙂 . Понекогаш е многу интересно, ќе видам неште некаде, и ОП после дома по карта, по координати ќе го најдам на ЊЊЊ и ќе разберам шо е како е. Од дамна користам еден таканаречен GPS-logger кој доста добро си ја бркаше работата, до пред некое време. Во последно време почна да “забегува“, дали е до новите сателити или “клемите“ му се лабави? незнам! Па си викам ајде да набавам нешто ново такво. До душа у денешно време не мора да набавуваш ништо такво. Доволно е што со нас ги влечиме “интелегентните“ телефони. Чичко Закерберк & Co. не пратат ѓоа ваквоа, на секој чекор. Ама воа моето GPS-logger си јабркаше работата без големи захтеви. Го уклучуваш, возиш, завршуваш со возењето, го исклучуваш, го приклучуваш на компјутерот и гледаш карта и податоци и параметри шо си однадил тоа возење. Ни интернети ни минтернети, ни кој ни како, ни зошто ни кога, едноставно тиа бројки ти ги покажува. Со месеци барам нешто такво кое работе на новиот сателитски стандард ама немит. И на крајот најдов! тахометар/компјутер за на велосипед. Брзината ја мери со помош на GPS-сигналот, и плус ти бележи поминатите километри и патеки!!! Два пати ентер и купено. За некој ден дојди и се радував што не е на “едно дугме“. Оти не знам дали имам кажано, како шо ме нервират возачите на возила кои и покрај уклученото зелено светло на семафорот уште се мислат дали и како да тргнат, или како пижамите во темни бои и црни етикети или светли пижами со бели етикети, како тоа шо ме нервира, така и сите уреди кои се послужуваат се едно дугме ме нервираат – до без крај!!! Нејси. GPS-logger дојди, одма му ја наполнив батеријата и се акнав на точакот. Да го пробам. А за контрола, мојот стар и добар (кога сака да биде добар 😉 ) GPS-logger и постоечкиот тахометар на велосипедот. Првите неколку метри радосни и со задоволство. Бројките големи, идеални за човеци со 50+. Курдиса и одма да мери, моето старо и верно GPS-logger уште бараше сателити… И кога оно најди, гледам брзина на движење не е иста?!?!? Гледам на тахометарот од точакот, таму па нешто сосем трето! И така дури некое време и неколку сменети брзини! сфатив дека нај новиот нај специјален и нај добар GPS-logger не работе – блокира! Нормално у такви ситуации одма се ваде кабелот од штекерот! АМА ниту кабел има, ниту батеријата достапна. Па со сето мое искуство почнав да ги стискам дугмињата секако и во сите комбинации… и некогаш успеав, да го рестартирам!!! И пак, после неколку метри блокирање, и пак, и пак … и сега е (после неколку саати) веќе на пат кај продавачот со убаво писменце.
Веќе немам ниту стрпление ниту желба да во 21 Век се расправам со “електронски ЧЕТ асистент“ ниту да листам по милионот “супорт страници“ на ЊЊЊ. Абе бате, ти давам готова пара, дај ми готов производ!!! Преку ваквоа ми е со нивното “ама господине провере те дали вашиот компјутер е актуализиран, дали вашиот интернет работи…“ ИМА на овој Свет сичко! ако не кај вас кај некој друг ќе го најдам тоа шо го барам. Ама дај не ме масирај те со “експерти“ кои од компјутер не разбират ни грам, а ти солат памет на кило …
И така човек ќе “побегне“. Ќе си земам камерата, ќе и монтирам еден објектив, и ајде на терен. И бидејќи тука во блиската околина скоро речено се ми е по еднаш исликано 😉 предизвик ми е да познатите работи со друг објектив (нај често со “цврст“ фокус) пробам да најдам нова перспектива, нова композиција. И така и тука, со денови недели лутам за да после на некој ден или неколку денови за ред се направа права “жетва“. Ногу сум среќен кога некој ден ќе ми се погоди некоја фотографија, ако е една, ногу сум среќен. Мотивира убаво.
И така, воа четиво испадна малку по долго оти Гого пак ја батали (а заборави дома) мобиљката, во народот позната како паметен или интелигентен телефон, па можам само сликички да си гледам и вака, да си пишам нешто по воа клап топот.
Ама и доста е пишење, јас не морам да пишувам за нај новата претставничка на Македонија на “гранд при еуровизион де ла шансон“ која како о други до сега имат проблеми со националните симболи. Едната не ја знаеше химната, сега ваа па не го мафтала знаменцето убаво!
Резил.
Го нападнаа момето, “патриоти“, чувари на Македонштината и уставот, истете тие шо кур ги заболи шо за 30 години од сувереноста на Народна Федеративна Социјалистичка Некогашна Југословенска Република Северна Македонија ниту во еден град во истата (Народна Федеративна Социјалистичка Некогашна Југословенска Република Северна Македонија) немаше ниту две знамиња истакнато, само по едно, на тиа јарболите на кои цела година се замрсува по некое знаме и шо со убаво тендерче некој ги забоди у секој град…
Истите тие шо без никакво двоумење го газат симболот на Македонците кој незнам заради какви психопатски околности некој почна да го мозаиконира на секој под во секоја црква…