Веќе неколку години живеам во Швајцарската Конфедерација.
И тоа во Швиц, ноа “нај јакото“! шо е од 1291 во Конфедерацијата или по точно речено еден од кантоните кои ја создаделе Конфедерацијата.
Од секогаш сум му се чудел или по добро речено восхитувал на швајцарците.
Швајцарец ако праве торта и у рецептот пише 275 гр. шеќер, ќе биде ставено 275 гр. шеќер, не 300 не 250, не филџан.
Швајцарец ако праве пат, и у проектот стои 56 цм тампон, ќе биде ставено 56 цм тампон, не 60, а никако па 40.
Швајцарец каа оде на тренинг за фудбал, го носи фудбалскиот дрес. Не “најк“ не “адидас“ маичка.
Швајцарец каа оде да планинаре носи облека и опрема за планинарење, не фудбалскиот дрес, не “најк“ не “адидас“ маичка.
Кога вози точак ( во народот познак како велосипед) носи опрема за на точак, И ТОА ЗАВИСНО ОД ТОА КАКОВ Е!!! дали брзински или маунтаинбајк 😉
Кога вози моторцикал, носи соодветна гардероба, од чизми до кацика, (тука сум убеден дека и долниот веш им е прилагоден!)
Вчера имав потреба да отидам до овластениот сервис на BMW. И оти човеците од сервисот и они се душички и сакат да завршат на време со работата (18часот) побрзав од работата, зимање моторката и одма пред врата на сервисот, барем пола саат пред “фирабиг“ 😉 . Нормално од работата, преку дома, до сервисот се добри 50 км. (автопатот ништо не ти значи у тоа време, 17 часот). И така залетан јас оставам колата зимам кацигата и моторот и правец сервисот – точно пред пет и пол Гого пред сервисот. Како за среќа, одговорниот механичар за BMW ги изнесуваше моторите кои биле тој ден во сервисот за да им ги предадат на муштериите. Му кажувам мојата мака и он вика, ајде ќе го преверам на брзинка, ЧЕКАЈ ТУКА!!! Му се качи на моторот, го запали и замина во познат правец. Јас чекам пред сервисот. А објектот на сервисот доста нов. Модерен. Со затемнети стакла, плави. Така малку можеш и да се огледаш на нив. А таму шо ќе видиш?!?!? Ќе го видиш Гого, со мокасинките и панталончињата за на работа. Палтото ми беше соблечено, тоа палто шо ми е са сѐ и секој ден ( освен за на погреб не), смирувачки беше шо чарапите ми одговараа на маичката. И ја гледаш после госпоѓата која си го земаше Триумфот, нормално стилски облечена како што доликува на традиционалната англичанска марка. Го гледаш дечкото на KTM дури мислам и портокалова коса имаше! Парот кои се качија на R18 беа како симнати од некој каталог. Само Гого со тегет чорапите и маичката црна, некако како паднат од друг Свет…
И синоќа, пробав да ја гледам ‘Гранд при ла шансон де ла еуровизион…’
УТЕХА.