Да, тоа го имам неколку пати спомнато (напишано). Мразам одмори. Добро мразам е претерано, ама некако одморите и патувањата не се мои приоритети. По готово сега во време на пандемии/не пандемии. Во време кога уште не масираат, на некои места, со “протоколи“ и “мерки“ за справување со “кризи“.
Чи Владо а заеба работта, па малку и не мислеме на корона и сертификати, додека не не потсети туристичката агенција дека за влез во таа држава, Шпанија, треба да имаш важечки сертификат. И ајде оди прави тестови, оти од првообеќаните 12 месеци после некој месец (за да те убедат на трета доза) беа само 9. Нејси. Направиме тест. И ај на одмор сега!
Одморот почна да се чувствува уште на аеродром Цирих. Јужначкиот темперамент и менталитет се почувствува пред самиот лет, закасна саат време. Важно некогаш полетаме и за некој саат слетавме на аеродромот Палма де Мајорка. Тука покасно дознав дена овој аеродром во сезона опслужува 12’500 патници – СЕКОЈ СААТ!!! А и стварно е голем, јас мислам дека изодиме околу четири километри од каде што слегнаме со авионот до лентата каде си ги зимаш куферите. Организираниот трансфер од аеродромот до хотелот беше некоја мешавина од туристичко возење со автобус и тричасовна тортура.
Помина. Стигнаме у хотелот и тука почна вистинскиот одмор. Не дочекаа со шампањско и тие марифети, ти се “радуват“ каа да ти им си спасителот, едноставно ти искажуваат почит. Собата испадна не соба, туку апартман, со сите нишани, од одвоени спална и дневна, до телевизори во двете простории, кафемашина во барот, џакузи и на терасата и во станот, шо да расправа човек – одмор.
“Ааа, убаво е на Мајорка, и таму сите знаат ѓермански!!!“ така сите ни викаа пред да тргниме.
Од кога се раскомотиме у собата ОДМА отидоме у селото да најдиме кафене за да вечераме. За среќа и покрај гладот не влегоме во првото туку си откриме едно пристојно ресторанче, во кое после секој ден си вечерувавме.
Хотел како хотел. Може да ги има сите ѕвезди, ама првата ноќ задолжително се поминува во навикнување на новиот кревет и стандард перниците. Тоа е една од причините зошто не ги сакам одморите/патувањата. Додека човек се навикне на новото легло, ОП! ај пак назад.
Втора работа заради која не ги сакам одморите/патувањата и “запознавањето“ на други култури и традиции (и тертипи). Е сега, тука на Мајорка ме изненади ситуацијата, која по многу потсетува на ситуацијата во мојата сакана Македонија. И тука ја имаат таа навика, да нешто направат супер, ногу убаво, како што треба, ама тоа е до портата или нај далеку до втората уличка од центарот. За одржување или средување на општественото – никој не се осеќа повикан.
Јас мислам дека поради многу сличности со братскиот и пријателски народ на Шпанија, ние Македонците треба и официјално да се збратимиме. Тука, на Мајорка видоме стварно ногу работини. Од историски урнатини до супермодерни бутици. Сичко има. И тука може да се виде како човекот е во состојба да и нај убавите градби и простори ги “унакаже“ само заради тој пуст профит. И тука се дозволуваат градби и надоградби секаде и во секоја големина, само да се навлече туристот да се спрепне од нивниот “продукт“.
“Појадокот е најважниот оброк во денот!“ не ретко човек може да слушне или прочита некаде. И тоа до некаде можеби и да е точно. АМА, за појадок да се “нафукаш“ ѓоа не здрав, до степен да те боле мешето, мислам не е во прилог на никој. А како човек да не се прејаде кога појадокот беше во вид на “шведска маса“, а “масата“ со површина од ракометарско игралиште??? И така секое сабајле….
И така водени од Кавадаречката мудрост: “ќути, поминувачка нека има!“, секое сабајле се прејадуваме и даваме чесен пионерски збор дека е последен пат. Ама некогаш повторно ќе се вратиме во секојдневието и повторно ци го фаниме редот.
Овој пат видовме и доживеавме неколку модерни традиции кои полека и ама енергично пробуваат да ни ги вградат во човечкиот ген. Заштита на човековата околина, прање пари на големо! За коктелите во ресторантите и баровите мора екстра цевкичка да си нарачаш и тогаш ќе добиеш некоја “биолошки разградлива“ која уште на пиењето ќе се разграде (распадне), пластичните шишиња не се користат во хотелот. Осташтвината од короната, маските, некако секако се носат само не за некаква заштита, никој некаде не бара од никој да носи маски, ОСВЕН во градските автобуси, каде хистерично ќе биде исфрлен секој патник кој нема маска. А да, автобусите на Мајорка допринесуваат намалување на глобалното затоплување!!! Ете ние дури чекаме да се наполни автобусот во него работеше климата и убаво го ладеше воздухот. Е сега тоа беше околу 45 минути во место и исто толку време работеше десет цилиндричниот дизел мотор од VOLVO …
Спомнав дека во хотелот исто така се грижеа за заштита на човековата околина, во тој хотел во кој десетици “ЏАКУЗИ“ 24 саати во денот жабуркат и ја греат водата на 30 и повеќе степени.
И не, не знаат сите ѓермански.
И не, никој не побара ковид сертификат.
И да, беше одмор. И тоа доста веома врло убав и квалитетен и покрај срамежливото време!
п.с. првиот пат, Мајорка повеќе ме бендиса, дали заради тоа што бевме за Нова година и немаше толку ноооогу туристи, ?