… и они готват со топла вода!

Еднаш веќе запишано на
https://www.ristovski.ch/rg12/
11.05.2016
од каа ги победиме фашистите…

и поФторно дојдов до таа ситуација, ситуација на денешниот реалитет.
Моторџија од дамна веќе не се рачунам, јас сум едноставно љубител на мотоциклите. Четириесет годишното користење на моторизирани двоточкаши ме изделка во пристоен корисник на мотоциклите. Коњажата, брзината, бојата на мотоциклот од дамна веќе не се битни. Функционалноста, тоа е тоа што јас го ценам.
Пред една година одлучив да конечно и јас набавам еден мотоцикл кој е во чекор со времето. Во потесен избор влегоа BMW R nine T Urban G/S, Triumph Scrambler und Kawasaki Z 900. Ама после летниот одмор во Македонија и поминатите неколку денови неколку стотици километри со мојот стар и верен BMW r 80 G/S, одлуката падна да се набави еден “компактен“ туристички мотоцикл. Листајќи го пазарот утврдив дека BMW R1200RT е  “нај малиот“ и нај лесниот туристички мотор. Барајќи нешто такво видов еден BMW R 1200 RT.
Година, километри и пред се цената одговараше.
Од секогаш сум поседувал мотоцикли кој сам сум ги сервисирал и поправал.
Со новонабавениот BMW R 1200 RT тоа ќе се промени. Како и секој современ мотоцикл и овој под контрола на некој си компјутерски систем, и нормално тој е специфичен на таа марка, BMW. Тоа значи, поправки и одржување во овластен сервис. Или набавка на алатки за одржуваше – читај: систем за комуникација со компјутерот на мотоциклот.

Четириесет годишното возење на мотоцикли и повеќегодишно користење на разни возила и машини и исто толку долгото интересирање за техниката кај мене го изостри чувството за машините. Па така секое чудно звукче или не познато “гребење“ го регистрирам, и преку кацигата 😊

Нормално промената од R 80 RT на  R 1200 RT носи новинки, и не е чудо, во години гледано 30 години разлика, а во техниката и повеќе.
Па така некои работи кои ми беа сомневи сакав да ги разјаснам со механичар кој ја разбира работата.

И повторно реалноста ме трати од земја. Го нема ноа моторџииското, дојди прашај, направи си муабет, и разбери нешто.
Во денешно време не се продаваат мотоцикли на моторџии.
Во денешно време се продава “лајф стајл“ и емоции…

Па за тоа кога ќе отидеш во сервис те гледаат како крава за м’зење, а не како разочаран моторџија.
А да и тоа одењето, не може туку така, термин бате, со недели унапред!!!

“Повелете господине, сакате кафе или нешто за пиење?“ обично прашува некое моме кое е задолжена са контакт со муштериите.

Не, не сакам кафе, сакам да разговарам со механичарот и му ги објаснам моите маки. И не, не сакам пола саат да исполнувам формулари на компјутерот.

Ама нејси, поминувачка нека има. Ете уште некој километар и гаранцијата ќе помине. Па после ќе треба работите повторно во свои раце да ги земам.

Оти тука нема, во Швајцаријата нема веќе работилници од кројот 5 х 5 метри полна со алати и никаде место нешто да оставиш. Сите веќе се по чисти од забните ординации и сите се настроени да престојот на богатите адвокати, директори, доктори и уште какви ти не типови кои своето его го перат со новиот “лајф стајл“, им го направат по пријатен.

Мислев дека ја открив “вистинската“ фирма/сервис, ама додека не дојде момент да се решаваат “проблеми“. И тука разбрав дека и они се “модерна и современа“ фирма и како би рекол мојот колега Петер, и они готват со топла вода! Се надевам дека не ќе морам повторно да ги контактирам или имам работа со нив.