ШО ЌЕ РЕЧАТ КОМШИИТЕ…

Ако некогаш Македонската нација, Македонската култура и се шо е Македонско го снема тоа нема да биде заради атомско/нуклеарна војна, удар на комета или потоп. Македонската нација има капацитет сама да се уништи. И тоа само од пусто лицемерије и увиѓајност. За тоа што кога на некој од блиските ќе му кажиш дека не го бива за таа работа, сета родбина наместо да се заинтересира и да најде некое решение или начин како да му се помогне на заблудениот, они со дрва и камење мават по тебе, како си смеел такво нешто да кажиш. Мајстори, ма експерти, сме кога треба да измислиме некоја работа преку три или четири ќошиња. Кога од тоа пусто лицемерије делиш “пофалби“ и “восхитувања“ и ако  и самиот знаиш дека не е таа така, – АМА ШО ЌЕ РЕЧАТ КОМШИИТЕ АКО КАЖАМ ШО МИСЛАМ?!?!?

Јас од медицина не се разбирам ногу, од хемија уште по малку (само знам дека ако пииш пиво и после јадиш цреши, се предизвикува некаква хемиска реакција у мешето! Од музика знам дека има седум ноти и дека авторски права на делата на Моцарт ги има некоја американска фирма !!! Ама ушите и ако не се, слушат уште доволно за да прифатам некоја мелодија или пак не. Некои работи кои ги “разбирам“ се електриката, од тоа и живеам, фотографијата, тоа ме интересира доста и разни машини од кои некои морам да ги управувам, некои сакам да ги управувам и некои уживам кога ги управувам.

Со фотографијата како релаксација и предизвик за синтеза на визијата, техниката и уметноста, се занимавам по долго време. Класично школо за фотографија не сум посетувал, курс да, преди четириесет години. Ама интересот ме натерал да доста прочитам, видам, разберам за и околу фотографијата. Во последно време се повеќе им се “восхитувам“ на “колегите“ хоби-фотографи кои кој заради короната, кој заради “средовечната криза“ имајќи ги условите набавуваат нај скапа опрема, посетуваат курсеви за фотографија и потоа како програмирани роботи фотографираат како пишува во книгата од курсот! Да браќа (и сестри) фотографи, ја имате опремата и “знаењето“ да направите нај “остра“ фотографија“ на која секоја точка е остра ѓоа ваквоа, АМА острите точки не прават фотографија. Надежта, соништата, мечтаењата се секогаш “замаглени“…

Моторите, со нив почнав некаде околу 1980 година, ако TOMOS automatic 3M се рачуна за мотор, да сега возам САМО туристички мотоцикли кои во времето на “запознавање“ со моторите беа како баба-роги за нас!!! скраја да е, се ќе возиме само не дај Боже “Голд Винг“. Си легнаме на брашното, годините, удобноста и практичноста си го направија своето. И така од перспективен моторџија, Гого прерасна во мотоциклист. Да човек кој мотоциклот го користи ама не го привилегира.

Пред некој ден во разговор со еден пријател, по возрасен, дојдов до интересен “предизвик“. Пријателот кој е во пензија веќе, во разговор призна дека секој десет години почнува со ново хоби, нова занимација.

Можеби ќе треба и јас да почнам да пеам. Имам доста роднини кои ќе стискат ЛАЈК и ќе пишуват БРАВО!!!