Да, јас сум од тие генерации кои се родија и растеа во СФРЈ.
Генерации кои растеа во страв и трепет од “ладно чименто“!!!
И секогаш добро зас’нети да не не утепа промаата!
Генерации кои во ДНК-то имат вградено дека EPSON е нај добар штампач, се шо копа земја е “ЛибКер“ и се шо има каросерија која е над 18 цм над патот е ЏИП.
Значи и јас не сум поштеден од некои си предрасуди или “традиции“. Така еве денеска, после добри дваесет години сум разбрал дека шрафовите на тркалата на различни возила со различен вртежен момент се зашрафуваат. И тоа скроз случајно во не врзан муабет. Иначе шо викам, јас дваесет години секогаш и и на сите возила шо сум ги имал до сега сум ги стегал со 110 Nm или по нашки 11 кила! И така муабетот шо го истераме со колегата ме поттикна да проверам во упатството од автомобилот колку е исправно да се затегне шрафот, и оно вика 150 Nm и тоа обавезателно оти иначе можело да се разлабават шрафовите и да загубиш тркалото!!!! УААУ!!! А јас сум го возел автомобилот угу со не “затегнати“ шрафови па дури и во Ѓерманијата!!!
Друго денеска шо “прифатив“ е дека моите мотоцикли (по големиот дел BMW) ги трошат предните гуми не рамномерно т.е. левата страна повеќе од десната! ДА! И мене ми беше чудно. Ама и овој проблем се “отвори“ кога колегата примети дека предната гума, на мојот нај нов BMW во општо не е рамномерна истрошена, левата страна повеќе од десната. Нормално, како секој лојален корисник на ЊЊЊ одма почнав да ја барам причината по бескрајните форуми на интернетот. И нормални, таму ќе најдиш се, ама буквално се. Од тоа дека има проблем со виљушката до теории на мотор кој имал сообраќајна незгода…
пред некој ден истиот феномен го приметив и на “стариот“ мотор, а денеска во фирмата ја најдов и претходната гума од стариот мотор, со истото по нагласено трошење од левата страна.
И така ја прифатив теоријата на еден од многуте “експерти“ од интернетот кој го објаснува овој феномен со фактот дека ние тука возиме од десната страна па левите кривини ги возиме по брзо а и патиштата имаат наклон од лево на десно .
И така за мене Светот денеска постана за две работи по сигурен.