мисли во лето…

“Јас поздравувам само моторџии кои се во полна униформа, со вистински комбинезон, кацига, нараквици, чизми, другите за мене не се моторџии…“

Пред некој ден го прочитав во една “група на фацебукот“. И ме замисли.

Јас уште од мал не сум се групирал, не сум бил во некој клуб, група или слично. Да имаше време каа оде у “Народна техника“ ама и таму оде у сите соби.
После фанаме да возиме мотори, и се групираме моторџииски. Ама пак како слободни уметници, мислам дека живееме со сите моторџии шо ги имаше тогаш Кавадарци.

После дофтасаме у Швајцарската конфедерација. Години требеше дури се здружам у Македонското друштво. По касно со фотографијата се здружив и со човеците од »Јужнословенскиот Културен Форум во Цирих« .
И сега на крајот бев член на фотоклуб.

И сето тоа е убаво и функционира дури имаш интерес, интересно ти е или некој работи да ти биди интересно.

Македонското во мене престана да биде интересно кога сфатив дека ногу енергија и нерви трошам за да на доста членови му објасниш дека тука у Швајцарија никој нема корист од тоа дали си “од нашите или од вашите“.
Со прекрасните човеци во Цирих опадна драстично интересот од кога водечката сила изгуби мотивација. Фотоклубот, го верлглав неколку години (од самото зачленување) се со надежд дека ќе се “најдиме“ и моите интереси спрема фотографијата ќе бидат задоволени.

И така сега пак ми остана моторката, и фотокамерата. И пак ќе си бидам моторциклист, и пак ќе си бидам фото-заинтересиран.

Моторциклист, затоа што веќе преку четириесет години возам моторизирани двоточкаши и никогаш не сум обожавал хевиметал, мртовечки глави и пламење, црни кожни алишта, и избушени ауспуси. Моторциклот како техничко средство за превоз сум го обожавал и уште го сакам и користам колку можам, ама можам и да му го извадам контактот и со денови, недели (и месеци со “Р“) ич да не го возам. Па за тоа и не се чувствувам моторџија, и не, не одам по собири и барови кај се собират моторџиите. Да, ако има некој саем или некоја изложба на моторцикли ќе отидам, ќе посетам поради интересот кон техниката.
Фотографијата, како клубски организиран не ја открив. Ми фалеше малку (малку повеќе) вистинската и интензивна презентација на фотографиите, мои и уште повеќе волјата на моите клубски да ги презентираат своите фотографии…

И така овие летни денови ме тераат да размислувам на тема занимација. Моторот не верувам дека ќе го баталам, убаво ми е каа ќе му се качам и ќе завртам кругче околу ридче, околу езеро, покрај реката, и си свирнам у некој тунел 🙂 , убаво е.

Фотографијата, не знам. Моментално сум на точка кога се мислам шо со фотографијата, сај да штракам и по некоја сликичка по социјалните мрежи и воа интернетот да ставам??? Дали тоа му е потребно на човештвото, и на мене?

Или да почнам со нова занимација, на пример риболов (без динамит)?

Ама за такви работи треба човек да преспие. Ќе почекаме да помине летото и да се намали денот и со тоа се продолжи ноќта за да можам по долго да “преспијам, една ноќ“