Понеделнички….

Уште сабајле, не салам разденето, возачот на автобус како камиказе ми се мушна од споредната уличка. Точно е, на автобусите од јавниот превоз човек треба да им отстапи предимство. Ама виа, сабајле у шест саатот и првата недела во месец август, превозува исто толку патници колку и јас во колата – ИЧ. Таа, брзината од прилика 45 км/ч, со која се “вклучи“ во главната улица остана иста, до следното село. Неколкуте постојки беа празни, без патници, па времето кое е планирано за застанување се компензира со бавно возење, па така наа зелената стрелка со која се бара да го пуштиш и на која пишува “DANKE!“ скроз губи смисла. Ма нејси, ние време имаме. Денови ѓоа плева, баго мате. Проблеми не се автобусите, нив ќе му го фаниме редот (возниот) ама многу други уметници и мечтатели, тие ме загрижуваат шо смеат да се движат со разни возила по јавните патишта. За тоа што во “нивниот Свет“ овоземските закони па и законот за сообраќај на патиштата не се толку важни. И така возејчи со моторката секогаш се концентрирам да откријам дали другите учесници во сообраќајот се концентрирани на сообраќајната ситуација или се движат водени од навигациониот уред или па можеби од космички сили. Возењето со моторцикал по човековата околина уште прави задоволство и ако се повеќе е поврзано со авантура. Четириесет години по улиците и патиштата и човек мисле дека има доволно искуство за да биде сигурен во секоја ситуација, ама во последно време се повеќе зачестија ситуациите кои настануваат од не способноста на другите да ги спроведат правилата за движење па дури по некогаш се чудиш како можат да ги прекршат и правилата на физиката!!! Логика од дамна веќе нема.

Ќе треба да си набавам трска за ловење риби…

Лето Господово 2022. Пак едно од ние години кога летниот одмор ќе го користиме малку по касно. Ама овој пат не заради “Тиквешкиот Гроздобер“. Таа манифестација за мене изгуби се. Од значење, интерес, до забава и сичко. Нешто толку изобличено ниту сакам доживеам ниту на било кој начин го подржам. Ни сами ци направиме забава, свадба 🙂
АМА како и во најбројниот дел во нашите досегашни патувања во првата татковина и оваа година имаме “фактор икс“ со кој треба да рачунаме при патувањето. Ете северните комшии на Северна Македонија пак му залути на чмарот, па почнаа да се печкат! И сега ти мисли му а. Дали ќе остане само на закачка или ќе си ја кршат кичмата или ќе се уклучат и “стратешките партнери“ па пак нас ќе ни ибат мамата, ни да си го окркаме.

И така човек пак ќе ги бара убавите нешта во малите работи и ќе се радува во пријатните моменти со ближните, во кревкото телешко месо, во ладното пиво, во новиот мотор кој “везе ѓоа стара Сингерица“, во едната успешна фотографија, во спокојот на работното место…

И ќе скандираме:
За убавото утре, со Тито (може и со мито) НАПРЕД!!!