Што јужније, то тужније.
Би рекле северните соседи на Северна Македонија.
Не сакам, ама баш ИЧ, да пишувам за политика, ама во универзумот наречен Mакедониум моментално не е можно да напишеш било шо, а да не заврши со политичка дискусија или ако си воздржан со монолог.
Нашата последна посета во татковината бр. 1, започна со повеќедневно седење дома, условено од здравствени причини. Па така ја имавме можноста да ги гледаме програмите на “телевизиите“ кои секојдневно ги емитуваат програмите за смирување на граѓаните. Утринските програми се основаат на “контактни“ емисии во кој СЕКОЈ граѓанин може да си го каже своето “мислење“. Нормално дека е тоа дното на човечката цивилизација. Јас тука ги жалам, а во едно и им се чудам на водителите, кои ако ништо повеќе имат завршено четврто одделение, а сигурно повеќето од нив и факултет, како се нафаќаат да седат пред камерите со фаца на “теле пред шарена врата“.
Потоа следува блок на дневната доза политика во кој некој експерт или некој Гаши Маши расправа како ако дозволиш “и магаре да ти го фукне и змија да те клукне“ ќе те интегрираат у Европа ѓоа ваквоа!
За потоа со блок на евтини турски серии повторно се смират страстите.
Нашите патувања низ Македонијата ги поврзуваме секогаш со желбата да апниме нешто автентично, традиционално, убаво. За разлика од годините кога имаше неколку места кои нудеа нешто повеќе од скара, денеска скоро секоја втора кафана се презентира како чувар на Македонската традиционална кујна. И да, има пристојни кафани кои тоа го прават, убава вкусна храна.
Само при секоја посета на тие “ексклузивни и познати“ кафани / рестораните се прашувам како би било да на некој кој ме плаќа како електричар да му ја инсталирам куќата, извлечам каблите, наместам штекерите и му кажам “Еве, готово, ти поврзи ги како шо ти сакаш, како ти одговара.“
Уште не можам да ја “сварам“ ситуацијата кога ќе ти донесат салата издробена, аранжирана и декорирана АМА не зачинета!!! И сега јас како електричар треба да изигравам кувар и да солам и зачинувам салати ….
Очигледно имаме проблем со образовани кувари.
Како што е и проблемот со келнерите.
Жално е кога најдоброто послужување го добивме на свадбената веселба.
Таму каде што нај малку очекуваш.
Во така добро “ситуирани локали“ добиваш послуга како … , ма ни на кооперацијата го нема тоа, и на кооперацијата бакалот ќе рече барем “НА“ или “ДРЖ“. Во некои така добро нашминкани локали со уметнички слики по ѕидовите и излог на шо ти знам колку врсти на пијалоци иде дете кое треба да глуми келнер и ти се обраќа и те служи како задно да сте играеле д’га магарици у трето одделение.
Го разбирам разбирам очајот на газдите да најдат добар персонал, и разбирам дека нема веќе образовани келнери, АМА да се земи било шо како келнер… е тоа не го разбирам. За тоа, баш заради контактот со “келнерот“ кој ниту врска од работата има ниту пак малку домашно воспитување, за тоа во моето сакано Кавадарци после последната посета два локали се избришани од мапата на угостителски објекти.
Ако човек не ги приметува нашминканите улици и фасади, ќе примети дека у моето сакано Кавадарци во 30 (со букви триесет) години скоро и да се нема нешто сменето.
И ден денеска, цената на грозјето се “формира“ кога грозјето е у вреќите,
и ден денеска секој по обилен дожд поплавува делови од градот,
и ден денеска има чаршијари и тиа другите,
а на се одозгора во изминатите години се формираа убави блокови на наши и ваши.
И така човеците си се дружат колку шо можат и меѓусебно се мотивираат дека еден ден ќе