Лето.
Време на годишни одмори, време на слики од плажи, време за посета на татковината. Време на мудрости по социјалните мрежи у воа село шо се нарекува интернет. Тиа саканите омразени 1700, 1800 километри пак ги согазиме. Овој пат прекрасен повод, па затоа сите негативности ги потуркаме во заден план и сите проблеми ги скривме под тепих.
Последната посета на родната грутка почна со седење дома пред телевизорот. Традиционално, секое мое одење накај дома почнува со тегоби во стомакот. Ама ваа пата беа нешто по нагласени. Па така имав време да седам пред телевизорот и пред клаптопот и конзумирам од богатата Македонска медиумска ризница. Преживеаме.
Уште вчера сакав да почнам со забележување на импресиите, ама не знаев од каде да почнам.
После, не знам колку време, пак напишав коментар на еден натпис на фацебукот. Коментарот беше мое мислење и никој лично не беше нападнат или навреден. АМА, “чуварите“ на јавното мислење ОДМА се јавија, и тоа како! Ѓоа на вечера да сум им отишол.
На времето имало некој си Јован кој бил ногу паметен човек и лафел паметни работи, па го прогласиле за светец и плус му ја закачиле придавката “Златоуст“ и од Јован денеска имаме Св. Јован Златоуст. А у денешно време имаме еден куп златоустни, ама никако да а угодиме работата. АМА има и еден куп прости кои имаат пристап на тастатура и интернет ☹.
Покрај “златоусните“ на поголемиот број на телевизиски станици, оваа година добивме допир и со палета на “чувари“. Чувари на честа, чувари на традицијата, чувари на јавното мислење, чувари на религијата, чувари на брзините… и уште какви ти не. И нај лошо е што сите тие се самопрогласени или “по налог“.
Јас немам ништо против човеците кои имаат мислење, свое мислење. И очекувам да другите исто така го акцептираат моето право на самомислење.
АМА јок. Во универзумот наречен Македониум не важат правилата на логиката и физиката. Во тоа парче земја, наречено Северна Македонија (сега за сега) многу е важно кој си, што си и колку “статисти“ има зад тебе дури лафиш нешто. Срцки ми се тиа, личностите кои стојат зад политичарите додека овие со сета своја енергија се трудат да го прочитат текстот кој е напишан на ливчето… Можеби не толку, ама друга група на чеда Божји за жалење се водителите на контактните емисии на сите телевизии. Ме зачуди нивната ментална контрола додека “почитуваните“ гледачи по телефон ја објаснуваат силата која го држи и движи универзумот. Респект!
И поФторно ќе ги споменам моите сакани и ценети комшии на северот од Северна Македонија, браќата срби. Во нивната не исцрпна ризница на поговорки има една која моментално НАЈубаво ја отсликува ситуацијата на југот од нив: “Глуп јебе збуњеног!!!“
Во тие неколку денови во саканата ни татковина, разбрав ногу работи. Не дека тие не се разбираат во “туѓината пуста да остане“ ама веќе неколку години озбилно се дистанцирам од секаков вид на вести од родната ни грутка. Во Македонијата има сигурно едно пет, шест илјади интернет портали кои секогаш и во секое време пренесуваат “потврдени и вистинити вести“. На тие, различни, портали не ретко може да прочиташ иста печатна грешка. Стилот на пишување е како да си седнал у “ДЕЧКИТЕ“ и препишуваш од муабетот.
Покрај вистинските вести, кој најчесто не се нај добри, секогаш има некоја репортажа или пишување на млад човек кој се жали од животот во Ѓерманија, Швајцарија, или америката и убедува останатите да си седат дома оти тоа таму не е човечки. За да утредента на истиот или истиот ден на друг интернет партал прочиташ како комшијата на виа првиот у Ѓерманијата се снашол ногу убаво и за шест месеци заработил за стан, кола, одмор, чарапи и НЕпланира да се враќа у Македонијата. Еве јас на пример живеам во таа Швајцарија. И секој ден можам да пишувам за убавите работи, а исто така можам секој ден да пишувам за не убави работи. Живот. Зависи кој што сака човек да нагласи. За тоа не пратам политика дневна и телевизија сателитска. Телевизии/програми кои се “крстат“ на гледачите да се јават и со саати лафат чаршички муабет, не ми треба. Оти опасни се експертите кои се јавуваат на телевизиите со:
– Добар ден, повелете во програма сте.
– гледачот/соговорникот: на која програма сум?
– водителот: на канал пет.
– гледачот/соговорникот: а која беше темата?
– водителот: таа и таа…
– гледачот/соговорникот: РРРАААта та та та та та ….
Спремни за се, на секоја програма и на секоја тема. ☹
Интересно што човеците толку ногу се радуват на сервираните “убавини“ и не се спремни да отворат очите и да укажат на очигледните неправилности. А и не смеат ногу да лафат. Оти во тиа случаеви одма настапуваат некои од “чуварите“.
Пример кој го доживеав и осетив, “официјалните“ профили на општината на големо се испофалија и презентираа маркирањето на средната линија на патот на Витачот, ама на никој не му текнало во градот да напише дека улицата не е проодна за сообраќај. И нормално за шарката “лајк“ и “браво“, а за коментарот за улицата “делете“!
И така помина уште еден годишен одмор кој благодарение на свадбените активности нема да биде класифициран во графата “заборави шо по брзо“.
Одмор кој условуваше патување низ неколку држави. Патување кое условува размислување шо му имаме згрешено Господ па не казнил со најшупливите политичари и народ кој прифаќа СЕ, и магаре да му го фукне и змија да го клукне.
И така ќе останат мислите, позитивните, за една убава дружба која ги спои младите во животна врска од Бога благословена, за прекрасните моменти поминати со нам ни ближните и сакани човеци, за пријатните моменти поминати по кафаните сркајќи чорба 😊, за прошетките по старите калдрми.
Како и тиа по малку убавите спомени, ама ајде тие ќе ги заборавиме за да следниот пак повторно со болно меше и добромисла се вратиме кај нашите….