Во моето полувековно виреење на овој Свет разбрав и научив неколку работи.
Дека демократијата и слободата се мисловна именка и дека во војна сите губат. Моментално, т.е. неколку месеци веќе (или години) Русија и Украина се во војна. Нај големи губитници се украинците, па русите, па после сите ние. Без да навредам некој или некој грешка да ме сване, сакам да се изјаснам дека јас не сакам да Русија ја изгуби војната. Не заради нивните интереси или против украинците, АМА ако “западниот демократски свет“ ја “победи“ Русија, тогаш, е дури тогаш ќе ни се ебе мамето на сите. Ако некоја “рамнотежа“ што постои помеѓу “западниот демократски свет“ и другите, Русија, Кина, и слични се наруши тогаш “западниот демократски свет“ ќе има право да не однадуе како сака. Не дека сега тоа не го прави, ама од кога не “ставиа“ во ред со короната, полека не управуват во правец на потполна контрола, ако ја “победат“ Русија, тогаш целата енергија ќе ја вперат во креирање на идеален Свет, по нивно.
Се повеќе ме нервира автоматизацијата на сите сегменти во мојот личен живот. Ме нервира ситуацијата кога јас морам да ја свршам работата не другиот и за тоа треба и да му платам.
Одиш во самопослуга, не само што треба да сам си мериш и етикетираш овошјето и зеленчукот, се повеќе те приморуваат да и сам ги скенираш сите продукти и сам си платиш.
Одиш во сендвичара сам треба да си нарачаш и платиш на автоматот за сендвичот кој после голема е можноста да не личе како тоа на сликото од автоматот.
Паркираш со колата некаде не само шо треба да платиш однапред туку они сакаат да знаат и кој број на колата е и колку време ќе биде паркирана.
Нормално е (!) да секаде со некоја картичка се плаќа и секаде (!) твоите податоци се тајно чувани. За тоа е нормално кога јас на мобиЉката ќе побарам каде е најблискиот ресторант, после со неделни на компјутерот ми идат реклами со “најдобрите и најпосетуваните“ ресторани во околината и подалеку.
Нормално ли е кога ќе пуштам на јутубето некое видео за BMW R 1200 RT прво се извртат две три реклами за бинди, ноќни кремови и кредити?!?!?
Отвараш некој натпис за вести од регионот, прво мора шест пати да потврдиш дека не сакаш реклами од забар, фризер, месар, и не ти треба баш сега НОВО осигурување за возилото.
Ме нервира шо Светот ( “западниот демократски свет“ ) упорно работи на уништување на основните човечки вредности. Како бе може некоја која ниша со к’ковите и ги тресе цицките на “јутубе“ или “инштаграм“ “заработува“ еден куп пари, а некој шо со години студирал не може работа да најде и мора да се снаоѓа да врзе крај со крај.
Телевизијата ни ја затруа, со тие сите инстант ѕвезди и измислени контејнери, задруги, гласови, и шо уште не во кои се презентира на нај вулгарен начин човечката глупост.
п.с.
Денеска е 27ми септември, Крстовден. Еден од по “тешките“ празници во првославието. Може и грев ќе напишам, ама на денешен ден пред неколку години (2001) се случи крвопролевање (атентат) во парламентот на кантон Цуг. Човек никогаш не смее да оправда ништење на човечки живот, ама има право да си размисли зошто, шо, и кој поттикнал некого на таков ужасен чин.