Фраер на струја!

23-ти октомври, недела, во некои региони на Земјината топка дури празник. Убав есенски ден, планиран за едно возење со моторот, можеби и последно оваа сезона? Денот почна со поглед под маглата која скоро беше до езерската површина. СИТЕ метеоролози и врачари обеќаа убаво време, па ајде и покрај сивата позадина патот накај Алпските превои кои уште се отворени и прашање се саати пред да ги затворат за зимата, Апенцел ќе остане за друга пата.

Веќе неколку години живеам, работам и уживам во Швајцарската Конфедерација. Сум имал и повеќе време за дружба од колку сега, не дека сега повеќе работам или повеќе обврски имам, во спротивно, АМА со годините човек си сака повеќе мир и си го посветува времето повеќе на себе. Така од минатото имав искуства и слушав доста, а и уште ги има, “земјаци“ од просторот на бивша Југославиа, па и од околните Балкански држави, како доста од нив го кажуваа ноа “антологииското“: “виа швајцарците се глупи“, “виа швајцарците ништо не разбират“, “виа швајцарците врска немат како тоа се работе…“ Можеби тоа е и една од причините шо избегнувам контакти со “нови“ фаци. Преку ваквоа ми е од типови кои со години плукат и кукат по Швајцаријата, а упорно тука виреат, не се осудуват да си заминат во нивната им света држава или барем во три пичке материне…

И така магловитото неделно утро го почнав со прошетка до гаражата во која е паркиран мојот моторцикал, да таа утринска прошетка од едно 200 – 300 метри убаво делува на крвотокот и расонувањето. Ако е село, местото во кое живеам е средено од “швајцарци кои од ништо врска немат“ и функционира за сите убаво. Нема паркирање до скалите, паркирање пред куќа, де воа е само мотор на никој не му смета, ци паркираш на тоа предвидено место, ци платиш и на никој нема да му одземаш од правото на непречено движење.
Седнат на моторот патот исправен накај Алпите поминувам преку села и автопатишта се до Гоешенен/Шоелененшлухт  (Göschenen / Schöllenenschlucht) од каде го “рачунам“ моето возење за возење, не дека тиа 50 км до таму  не се интересни или нема човек шо да види, ама возени се десетици пати, ваа година. И ОП на самиот “влез“ во Шоелененшлухт – затворен патот! И тоа одбележано да и секој патриот од просторите на бивша Југославија забележи, со рампи, светла, знаци и патокази каде да фаниш за да поминиш како човек (не со камен или цигли или некоја талпа). Немаше ногу гужва на патот па така неколкуте возила без проблем поминавме низ Гоешенен, село на кое одамна му поминало “златното доба“ па сега и ако старо го зрачи тој раскош и понос шо го имало пред 100 и кусур години кога се градела железницата и тунелите со кои се избушени Алпите… Го “исправувам“ патот по кривините на Шоелененшлухт кој е реновиран пред една година, условено од срамежливиот број на возила на патот и чистиот и прекрасен асфалт ногарките беа тие кои мораа да страдат. Поминав покрај споменикот на Генерал Суворов за да испаднам покрај Андермат и хотелите на Савирис, комплекс на хотели во големина на едно пристојно село. И ако почна полека да роси, одлуката падна, ќе се поминуваат Фурка и Гримсел. Два превои од СветЦки познатите “Трио Класико“, Сустен беше како опција за после Гримсел…

И така ги возам превоите, како шо доликува за ова време од годината, со посебно појачување на адреналинот. “Швајцарците кој врска немат како се работе“ ги извадиле браниците и оградите од патот, спремни да се дочекаат масите од снег и лавините. А патиштата на превоите ги памтам и сум ги возел и преди 30 години, тогаш беа стварно планински патчики, не ретко ќе налеташе човек на места каде оштетениот дел од патот беше закрпен само со шотер. А за тесно да не правам муабет, ако се подаде од таму Сепи со неговото Субару, ќе бараш местенце каде да се размините. Денеска, “виа швајцарците шо ништо не разбират“ ги изградија тие планински патишта до тој степен што и туристите од далекиот исток имаат можност со нивниот автобус непречено да се движат и на превоите кои се високи и до 3000 метри над морето, ништо не разбират. Некогаш пред некоја година, седнат во едно кафене со “патарот“ на иста маса и пиеме кафе, таму горе на Алпите на еден од превоите кои е отворен за сообраќај едвај 4-5 месеци, го прашувам шо есап имат да со години се гради реновира и ОДРЖУВА овој планински превој преку кој, кога е отворен во лето, дневно илјадници возила туристички го поминуваат. Се насмеа и ми кажа: ние не го правиме патот широк и сигурен за да можат сите од цел Свет со секакви возила тука да поминуваат, ние го правиме патот за сточарите на тиа неколку бачила шо се распрснати по секаде на планината, непречено да можат да си дојдат и отидат до каде имаат потреба, а не да чекаат со саати ако заглаве некој холанѓанец со кампот на некоја кривина… (држе вода)

ЕнергетЦката криза дали вистинска или створена секаде е “актуелна“. Не плашат од сите можни страни со сите расположливи медиуми. Па да, и Швајцарија работе на струја. И тука секојднево не масираат, како ако јас ја заборавам ламбата да свети у нужникот допринесувам за пропаст на Светот!

Гримсел, едно 2200 метри над морска височина. Не застанав на езерцето, (добро само кратко две три фотографии) дуваше ветер ептен ногу дури накај “у пичку мајчин“ (нај јакиот степен по кавадаречки!) па одма префрлив на другата страна. Неколку кривинки и поглед на Гримселсее, вештачко езеро на едно 2000 метри надморска висина, се користи за добивање на електрична енергија, толку кнап воа време… Го гледам и се чудам! Првпат, првпат во тиа 30 години како сум поминувал тука го гледам полно. Абе “глупи швајцарци“, се полни ли езеро сега пред зимата, па нели на пролет треба да биде скроз празно за да може да се наполни??? Незнам, не ги разбирам 😉, шо зар помислиле дека треба сопствените резерви да им бидат спремни??? Нее, они така без план а работат, “виа швајцарците врска немат како тоа се работе…“ Па да и шо уште сега ги маркираат и патиштата со портокаловите стубчиња, та не е уште зима, кога ќе заврне снег?, има време….

И така јас си се возам, си свиркам (а со моторот свирнувам и у секој тунел 😊 ) и мозокот пуштен на паша како кравичките по полињата кои ја уживаат пресната трева пред зимата, кога ќе ги префрлат на силажа. Си свиркам и си мислам колку на човек му треба малку за да биде среќен и задоволен. Две тркала, два цилиндра, и рачка за гас 😊

Е сега, “споделената среќа се зголемува“ или како беше таа “мрежна мудрост“? Па така од секое мое возење може да се виде и по некоја фотографија (а по касно, задолжитувално) и некое видео.
Значи си се возам и се мислам (АМА да бидам искрен, мислам така по малку, само со слободниот дел од мозокот, концентрацијата и следењето на сообраќајот е во преден план!!!) и си мислам ти викам колку сме зависни од ноа струјата. Ако Франц не го наполни езерото со вода, а Ули не ни набави доволно струја од странЦво, шо праиме без струја??? Како ци ги полниме мобиЉките и це сликаме попат, за да веднаш моменталистички споделиме со нашите блиски и далечни пријатели каде сме биле шо сме виделе?

А не е толку опасно, еве ту нетња, у саботата тргнав на едно кратко возење, летоска кога го поминав Аехрли превојот не беше работела мојата сакана и мразена камера »GoPro«. Па ајде еднаш камерно да го поминеме превојот. Завршиме таа работа се спуштив во Кернс и го видов патоказот – Мелхсеефрут.
Одма десен жмигавец и на лево (така е, у воа Швајцаријата врие од кружни токови). Одлуката еве и денеска два дена после тоа ме радува! Таков убав пола саат возење одамна не сум имал, за триста мерака.
Тоа шо со мене не беше мобиЉката да ВЕДНАШ споделам со моите сакани, ништо не стори да тиа пола саат (и пола саат назад) не бидат прекрасни мигови во кои се оправда сета потрошувачка на енергија, од струја, бензини, и топол воздух… МЕРАК
Ама таа е, мобиљката и мрежите социјални ни се потребни за да навреме ги информираме нашите роднини и пријатели. Оти толку ногу доживувања не стигнуваме да ги споделиме со сите лично. Не е едноставно. Порано еднаш ќе отидиш у војска и со години тоа ќе го расправаш. Денеска т.е. у денешно време толку ногу работи работиме шо не пристигнуваме и самите да се преброиме, не па да расправаш по човеците. За тоа е тука интернетот, и ентерот!

 

» Фотографии

»Видео