На кој му е нај д’г ?

Оваа есен во Швајцарија ќе се памети по тоа што октомври бил најтоплиот октомври од кога швајцарците ја запишуваат статистиката (почнале во годината 1864). Јас ќе ја паметам што и покрај можностите, неколку викенди времето е ТОП, не направив за мене задоволувачки фотографии. Некако есента поминува не како шо учеме и знаеме од букварот. Јас мислам дека поради доста веома врло топлото време природата не успеа да ја претстави комплетната есенска лепеза на бои наеднаш. Додека од некои дрва веќе сите лисја испопаѓаа, други дрва се уште зелени…
Ништо, колку толку ги искористивме последните “летни викенди во есен“ како бонус. Тука, како ќе биде времето уште не можиме директално да влијаеме, индиректно, мамето и ебаме на природата.

Пред ногу години (пет) се стаписаме за да шетаме по клисурата Тамина. И сега гледам, скоро исто воа време од годината, по датум два дена по рано. Пристигнаме во Бад Рагац и разбраме дека клисурата е веќе затворена за посетители. Како сите лојални туристи и ние ОП у туристичкото биро на Бад Рагац и го прашаме момето која би била опцијата наместо шетање по клисурата. Момето ни објасна дека од другата страна на реката, во местото Мајенфелд може да паркираме некаде и да го најдеме “Патот на Хајди“ кој на места се совпаѓа со “Винскиот пат“ во Рајнтал. !?!?!?
Отидоме и ги најдиме и тиа и тиа пат. По ишпартаме по тоа лозјата и по некои си шуми од видот на “национални паркови“, малку повеќе заштитени од нормално и по зачувани предели. И ме бендиса. Прво шо во општо не очекував дека толку големи “плантажи“ на лозја!!! (по точно речено толку многу лозја) има на ваа страна од Швајцарија. И ВТОРО И НАЈУБАВО, во тиа неколку села во плантажите, винарии. Еден куп винарии. Ме фасцинира тиа тертип на одгледување на виновата лоза. Веќе триесет и кусур години живеам и работам во Швајцарската конфедерација, не сум разбрал колку е цената на едно кило винско грозје. Ниту пак сум слушнал дека имало некаде откуп! Само секоја година, воа време некаде, ќе кажат колку биле задоволни или не, лозарите (кои во едно се и винари) со годината и бербата…

Ама и тоа е тема за себе, несфатлива за некои региони од Светот. Некои (повеќето) работи тука во Швајцаријата и колку да се “спектакуларни“ за туристите, толку се нормални што во општо не се ни рекламираат.

Тука е нешто спектакуларно кога ќе биде светско чудо! Кој бил во Швајцарија и се извозил со возовите низ Швајцаријата сета таа точност и нормалност ќе ја интерпретира како светски успех (кое во основа и е), ама тука тоа се рачуна како нормално.
Сензационално е кога четвртата по големина железница, ќе закачи сто вагони во еден воз и сето тоа ќе го движи 25 километри. Некој тука ќе рече, по америката возат возеви и по седум километри должина, не само два, ама не се возат по шини кои совладуваат 800 метри висинска разлика, и не поминуваат по тунели и вијадукти кои на места и до три пати самиот со себе воз се разминува!

И така човек само може да им се восхитува со иста мерка на тие кои со месеци работат за да на крајот го изложат виното во прозорот на својата винарија и на тие кои со месеци спремале и мислеле како да направат нешто шо никој до сега го нема ни помислено, не па да го направи!

Затоа на секоја наша прошетка сакам да видам некоја “веќе измислина“ работа и да “украдам“ од среќата на другите! Затоа што ногу убаво се забележува каде живеат среќни човеци…..

 

»»» фотографии