HALT! Ausweis bitte!!!

И пак, еден саат и петнаесет минути видео. ЗНАМ ни тиа шо се подолги од седум минути никој не ги гледа, ама имам некое убедување дека некогаш некој ќе ги изгледа или тоа ќе бидам само јас, некогаш…

Еве, веќе неколку месеци стои едено од тиа со огромен материјал и се плашам да го почнам со припрема. За тоа шо со него планирам да направам нешто шо со години го имам на ум. АМА со четири саати материјал немам искуство како да се справам,  време и мотивација имам или ќе имам.

Така и тоа споменатото последно видео од 1ч и 15 мин,  го направив и го ставив во интернетот, ама со една мала опција да човеците можат си одберат кое делче ќе го гледат. Па да видиме колку помага…

И така возејќи и снимајќи, и покрај уклучената навигација возам во правец однапред замислен ама со голема флексибилност и без срам да фанам друг правец. Планот да го “откријам“ патот кој го преминавме пешки на нашиот последен излет се исполни, па така некаде пред границата со Лихтенштајн префрливме во модус “слободни активности“. И не плански го поминав ЦЕЛ Лихтенштајн и поминав неколку километри од патот кој го поминувавме неколку пати патувајќи кон Македонија, на времето… Поминав покрај бензинските кои ги памтам по тоа што сме чекале и по пола саат да дојдиме на ред да ставиме од по ефтиниот бензин, а по касно и вигњета за во Австрија да си купиме. Некое ладно сокче и грицки за да помине времето додека чекаме на границата за влез во Австрија. Од бензинските останале само пумпите, кои сега се како и секаде на самопослужување, а од продавничките на бензинските во кои на времето “вриеше“ од народ сега останале само празни прашлинави простории со спуштени ролетни. Исто и на границата. Волкави канцеларии зјаат празни, тука порано пиле не можеше да прелета, а да не биде проверено од четите полицајци и царинарници и швајцарски и австријски.

Поминуваш и си мислиш каде замина Светот. Мрачни времиња беа тоа. Се осеќаме како луѓе од втор класа. За да им поминиш по нивната им држава, обично потребни се 6 – 7 саати, требаше да изгубиш еден ден по амбасадите да извадиш (и платиш) виза која ако тиа чиновникот у амбасадата бил “задоволен“ предходната вечер од жената му ќе ти напишеше за една година, па ќе искористиш две – три одења со една виза.

Сега нема “физички контролери“ на државниот поредок, бидејќи паметните држави сфатија и прифатија дека визи и пасоши “сите“ можат да набават, а нај големите криминалци и дипломатски! Па така на границите не прашуват кој си и каде одиш, за тоа шо нашите ни лични уреди одамна веќе не имат издадено и пријавено каде одиме шо работиме колку трошиме и за шо трошиме.

»»» видео