светот на нулите и единиците…

Ете, секој со својата мака.
Јас викендот се борев со обработка и објавување на видео кое сум беше го снимал последното возење по источната Швајцарија. Материјал некаде скоро два саати. Ногу е, “поисечив“ нешто, нешто прескокнав и ОНО пак саат и петнесет минути… Викам да поисечам уште малку. Ама после си викам па зошто снимав. И така видеото од саат и петнаесет минути е достапно на “јутубето“.
Знам дека нема никаква потреба, ама сите видеа ги обработувам моментално во еден од по јаките формати, 4К и 60 pps. И после од кога ќе го обработам го експортирам во најдобриот квалитет што го нуди програмата со која го обработувам … И ОП за видеото од саат и петнаесет минути ќе напише компјутерот дека испаднале 64,2 GB !!! Ајде на youtube-то! И после го гледам на тоа youtube-то не е тиа квалитет. И шо ми текна, викам ајде сега ќе го “симнам“ видеото од youtube-то и ќе го споредам така, директно од компјутерот. Отварам youtube-то, го наоѓам видеото, ctrl+C, отварам програмот за симнување видео и аудио материјал од youtube-то, ctrl+V и почнува да симиња 14,3GB !!!
ЧЕКАЈ БЕ !?!?!? нели беа 64,2 GB
Земам стикот на кој беше префрлен “оригиналот“ стискам на информации од видеото и оп: наеднаш не се
64,2 туку само
57,2 GB !!! гледам во листата пишува
60’484’040’192 Bytes или
60’042’926 KB….

Заебан е светот на нулите и единиците… Нормално дека нормален човек воа ниту има да го примети ниту има да го интересира, дури и јас кога би имал “нормална“ работа не би го приметил ниту би ме интересирало ова сето, ама во недостаток на мотивација и вишок на слободно време се улавам со бројки и табели за прерачунување на бит бајт и други нули.

Понекогаш (како сега) седам и се мислам дали мојот живот е исполнет и дали го работам тоа шо го сакам. Понекогаш имам ногу слободно време шо заминува така, без нешто да се случи или створи. И секогаш до сега сум дошол на заклучок, дека е гут. Добро е така. Шо мора човек секогаш да работе и да ствара нешто. Не ли е доволно да го уживаш овоземскиот живот како човек и да ти е убаво. Е сега, замислите, претпоставките и очекувањата како е тоа “човечки“ живот се ептен различни. Мене на пример викендот кој помина, ми беше убав. Се сретнаме и со поседиме со пријатели. Поседиме дома малку повеќе. И шо не се извози мотор или да се исликат еден куп фотографии некако не ме разжалости. Та претходниот викенд и се изнавозиме и се изнасликаме. А еве иде и друга, нова година, па и мудроста на дедо Мане ме смирува: “Денови ѓоа плева, баго мате!“…

Од друга страна исто, гледам по воа социјализираните мрежи, на пример, чи Петре става се нокои борци за слобода, кој кога се родил, кој кога умрел/загинал. И си викаш, гледаш човеците имале идеја, идеологија, цел и желба да направат нешто. И секој од нив допринесил да се створи тоа, или ТАА Македонија. И ШО СЕГА?
Се изродија изроди кои се раѓат само по еднаш у сто години, а они се родиле сто у една година и сега сето воа за кое некои страдале и гинеле, го распарчуват како погача за Бадник, само парата (парите) у нив да падне (дојдат)!

Ајде, иде “времето на ламбички“ апаратите да ги наострам и да се радуваме на шаренилото…