Година 1987. Уште се осеќа или уште е тоа “Титова Југославија“. На страниците со цени на нови возила во “Ауто свет“ стојат, покрај неколку светски авто марки и две марки на мотоцикли, BMW и LAVERDA. Толку. Толку избор имаше да се купи легално во СФРЈ. Истиот тој “Ауто свет“ ни ги отвараше соништата кон YAMAHA, SUZUKI, KAWASAKI, HONDA, HUSQVARNA и слични кои со ногу “молења“ и уште повеќе пријатели можеше некако да ги увезиш на приватно… Со игра на случаите, победите на релито “PARIS – DAKAR“ и личната средба со еден ексемплар во Охрид, падна одлука да се набави BMW R80 G/S.
Документите средени, се качив на авионот и правец Љубљана. После средувањето на документите, ја имав радоста да си го земам новиот BMW R80 G/S. Радост, шо да ти кажувам, како роѓенден, Божиќ и Велигден заедно! Радоста ништо не ја намали и информацијата од магацинерот кој ми го предади мотоциклот, дека мотоциклот има само едно литро, две гориво. Се заблагодарив кај човекот, и правец на првата бензинска.
И тука, на таа бензинска го доживеав првото разочарување, или разочарувањето кое до ден денешен го памтам… Мојата новодобиена љубов, BMW R80 G/S, која моите ја платија 8’990.- DEM и неколку илјади динари југословенски, немаше странична ногарка L .
По касно беше набавена странична ногарка комплет со штитници за цилиндрите, ама тоа, разочарувањето остана да се памти…
Година 2007. Новиот век веќе неколку години почнат, а дигиталната фотографија полека достапна за широките народни маси. После неколкугодишното користење на компктни дигитални камери се одлучив да земам дигитална системска камера. И затоа што прибидејќи поседував неколку објективи и камери од произведувачот CANON, одлуката падна на CANON EOS 40D. Објективи, блицеви, далечински и слични работи компатабилни, па на радоста и немаше крај…
И повторно разочарување, толку фалената и високо котирана дигитална ФОТО камера која правеше супер фотографии немаше опција да снима видео филмови, a фунkцијата “live view“ преку комплицирано заобиколка повиклива, за една фотогрфија. Функции кои сите дотогашни компактни камери со бравура ги умееја.
Пак разочарување.
После тоа, скоро сите наредни камери умеат да снимаат и то ва најдобрите квалитети, а live view-от му како нај нормална функција. И едното и другото можеби три до четири пати во година го користам.
… и сеа да се фанам ли за пинџурот!!!