Средина на осумдесеттите години на минатиот век. Титоград, денес Подгорица (и пред ерата Тито). Касарна »Морача«. Како и во другите касарни на »Југословенската Народна Армија« (претпоставувам) пакетите кои доаѓаа по пошта, се отвораа заеднички во некој не толку употребуван магацин. Во тие магацини се чуваа некои си стари не толку потребни опреми, шо облека, шо некои си кожни работини.
Некаде на оваа страна имам напишано дека освен што на човек му се врежуваат слики од детството/минатото, и извесни миризби се меморирани длабоко у нашата потсвест.
Јас и бројките, мојата фасцинација. Секогаш во сите бројки сум барал некоја логика и врска. 11. 11. 2022. Прекрасен датум 11.11.22. или во моите архиви 221111. И нормално, план беше да се направат 44 фотографии. Испаднаа 7. Има една кавадаречка изрека: “со домашен есап на пазар не се оди“. Така и вчера, сето почна со глупото време. Чекајќи да се разубави времето се створи ситуација за интервенција па планот пропадна во вода, поточно во пумпата за вода. До следната прилика, на пример 221122…..
Обично во овој период на годината, една од активностите која ме релаксира е и консумирањето на топли коштани 😊 Ги има насекаде, во по големите места. Ама во Луцерн тие шо нај ногу мерак ми прават, коштаните, атмосферата и Луцерн. Веќе неколку години по ред коштаните си ги купувам секогаш кај истиот продавач. Не дека нема црвливи или расипани, ама убеден (бев) дека се нај убавите.
И така денеска ми требеше релаксација, после вчерашната фрустрација. Луцерн ми е “сигурен“, секогаш е фотогеничен, не како ниа дрвцата во Ноихајм 😉 кои вчера ич не беа расположени за сликање…
Палиш автомобилот и правец Луцерн. Паркирам на скришното место под стариот бор и правец Ратхаусштег (Rathaussteg). Попат некоја фотографија да конечно допрам до топлите коштани.
РАЗОЧАРУВАЊЕ.
Коштаните и ако топли и супер испечени, имаа некој мирис кој ме потсетува на оние влажните, темни и скриени магацини. Некој мирис помеѓу влага и мувла.
Се пристапи на “план Б“, со надеж дека ќе ја спасиме ситуацијата. И бидна, кај продавачот на другиот мост зедов само нај малата количина, со надеж дека ќе апнам убави коштани и бидна… И ако малку, задоволството беше големо! Ситуацијата спасена, овците на број. ПЛУС и некоја фотографија направено.