Безкрајно долги редови на маси. Клупи за седење вудве, до душа во последно време се помина на столчиња. Не допечени или препечени ќебапи. Одвратен (омекнат) помфрит. И ГЛАСНА музика, повеќе накај галама!
Со тиа неколку реченици би ги опишал забавите по повод Божиќ, 8ми март, Велигден, патронатот на друштвото, кои се правеа и уште прават во дијаспората во Швајцарската Конфедерација или како што ги нарекуваат “естрадните уметници“ од Македонија: КОНЦЕРТИ.
Од дамна не сум посетил некоја, со години…
На времето и разноразни трибини и средби со некои си политичари или чиновници на некое “министерство“, “агенција“, “координативно тело“, некакви си “задгранични“ израстоци и разноразни друштва и асоцијации сум посетувал и учествувал, се до моментот кога сфатив дека сето тоа е ГОЛА ВОДА. Единствено од сето тоа шо ти останува е дружењето со убави човеци (и ако ретки, ги има) и вкусот на кромидот од ќебапите, до третиот ден!
Нај убаво и нај пријатно дружење сум го имал со “Јужнословенскиот Културен Форум“ во Цирих. Човеците и ако од разни држави и националности од просторите на некогашна Југославија, имавме сите една љубов, кој како аматер кој како професионалец, уметноста. Тука, на тие средби и изложби, се разменуваа и покажуваа ликовни, поетстски, фотографски и други дела. За музиката беше задолжен Златко, Бог да го прости, и тоа беше акустична, искрена и без струја и без појачала. Од ова не се откажав, ова за жал заврши. По рефрените на песМата “зашто све што је лепо има крај…“
НовемБар 2022. Гонца спомна/најави отварање на изложба на нејзини фотографии во ресторантот на Иљчо. Датумот заокружен и потцртан со црвено. Ден пред тоа, добив информација дека нема САМО отварање на излоба да биде, туку на истиот ден во истото место ќе има и трибина со градоначеници од две општини од Македонија ?!?!? и “малку“ музика, а сето тоа ќе го бележи телевизииска “куќа“ од Македонијата. Јас се интересирав САМО за делот “отварање на изложбата“.
Дојди денот. Гого си ја облечи најтоплата џилетка, запали моторката и правец Триенген. Времето беше на границата да те прогласат за не здрав шо на такво време возиш мотор. Ладно не, нели нај убава џилетка ( a имам и ѕиври 😉 ), ама магличката не правеше мерак при возењето, ИЧ.
И стигнав, поседив, ги ислушав одговорите на прашањата од страна на градоначалниците, форма стандарт (значи ако има нешто да им се признае на Македонските политичари, тоа е дека го имаат нај слаткиот, нај мотивирачкиот и нај не конкретниот говор). Апнав ќебапи, кои за разлика од оние на забавите беа како што треба (дури и кромидот не го осеќам веќе), послушав музика која ечеше како да во нај големата сала во Струмица, а не во еден ресторант со 15 маси и си тргнав пред да ме стемне….
Отварањето на изложбата и говорот на Гонца и модераторот не ги дочекав (извини Гонца, во друга прилика по убаво ќе си го испланирам времето)
ДА, после незнам колку време, присуствувам на Македонска “манивестација“ (?) и после толку години, повторно утврдив дека НИШТО се нема сменето со “МакедонЦките работи“. Желбата, енергијата, вложената работа, сето тоа на нај високо ниво. АМА ноа, последниот шлиф, тоа уште фале.
ДА, се видоме и со убави човеци. (муабет не се правеше, нешто, музиката беше гласна J )
Има една древна кавадаречка мудрост:
“две лубеници под една мишка не се носат!“
И не сте сфесни колку заебано тачна е и во 21ви Век!!
Ама ете уште не сфанаме дека такви “комбинирани“ манифестации не се лесни за организација и уште по тешки за спроведување, поготово со “кадарот“ со кој располагаме (шо би рекол Славе).
Како и да е, се извозиме (не плански) уште 150 километри со моторката за ваа година, и ако времето не беше за тоа. Сега можам дефинитивно да ја приберам за зимски сон (барем едната 😉 )
п.с. дали некој знае, дали е можно под мишка да се носи една лубеница и една тиква???