Условено од “глобалната економска криза“, трговскиот систем и Светцкиот поредок повторно имам време на работата да седам и да ги пишувам овие мои мисли (глупости). Ги памтам “аналогните времиња“ во Швајцарската Конфедерација. Пресно дојден и вработен во сепарацијата им се восхитував на организацијата за набавка и складирање на резервни делови. Обично ги имавме сите критични машини и делови и во магацинот како резерва. А за не дај Боже ако нешто не плански откаже имавме каталози од сите области на индустријата па делот беше брзо најден и нарачан. Зависно од потребата ќе почекаме два-три дена, или ако сакаме по брзо со А-пошта за да дојде следниот ден или ако е нешто ептен аџеле работта ќе нарачаш експрес и доаѓаше за неколку саати или палиш колата и одиш го зимаш.
Легендарен беше господинот Шол до фирмата “Роберт Аеби“ претставник за багерите АКЕРМАН. Нему му беше доволно да кажиш од која фирма си и за која машина кој дел го бараш. Без броеви, шифри, или било шо. Моменталистички ти кажуваше дали тој дел го имат во магацинот и кога ќе го добиеме. Сите тие големи набавувачи на резервни делови имаа огромни магацини со сите делови во доволна количина.
Се појави WWW. Први продавници што сум ги користел беа digitec и microspot. Спецелизирани интернет продавници за техничка роба. Убавото беше шо тие робата директно ја набавуваа од произведувачот и ја продаваа и до 30% по ефтино одклоку во продавниците. Првите неколку дигитални фотокамери така ги купив и бев поносен што имам професионални камери по пазарџички цени . Вентили, ремени, лагери и понатаму нарачувавме од доставувачите на тие делови, од каталог, по телефон….
Ама како шо спомнав, времето и тертипот се смениа. Каталози од по неколку илјади страници никој не прави, digitec и microspot одамна не продаваат само техничка роба, а и нашиот магацин е сведен на заостанати делови од минатиот век.
Денеска СЕ се продава преку ЊЊЊ. Нарачуваш стискаш “ентер“ и утре го имаш.
Го имаш утре, ако е кошула за 19,90 или кабел за 6,90.
После 28 години верна и одговорна работа откажа терминчката заштита на моторот на пумпата за вода. Нормално, тиа каталозите одамна не се важечки. Вртиш по познатите телефони, сите те “упатуваат“ на нивната интернет продавница!!! А таму, кој си, шо си, број на ваа сметка, број на ниа број, број на долен веш…. Ништо, си викаш ајде, ќе тркнам до електричарот у селото, он нека нарача. Човекот кога му кажав шо делче барам, упла го фана. Пробуваше, два дена. Нема, еден обичен термички шалтер (добро де 80 Амперски) нема никаде во Швајцарската Конфедерација. Време на испорака: 25 – 30 работни денови ?!?!? АЛООО!!!! 30 денови да стое сепарацијата??? Ами за 30 денови баба на рака ќе го сплетеше.
Нека, му се јавувам на “матичниот електричар“ и го слушам истиот муабет, нема, тешко се наоѓа, ногу време се чека. Му викам, братучед, а ти да не имаш некој на старо? Изваден од некаде и ставен на страна “за да се најде“? И човекот увиѓаен па вика ќе виде и це јаве. И ОП, иамаме термички шалтер, не исто име и презиме и не 80А, ама се слагам и со 75А, само да врте сепарацијата, ќе почне да замрзнува, а сепарацијата полна со материјал, сега така ако замрзне до јуни месец другата година нема да се размрзне. Па здравје, у понеделник монтирање и после тридневна пауза повторно во производство…
Некој ќе рече сето тоа е поради оптимирање на доставата на делови, централни магацини, достава во точно одредено време…. па па ла пап…
Сето тоа е резултат на човечката алчност. Сите тие некогаш “фамилијарни“ фирми кои, некој со име и презиме ги формирал и растеле со години, на крајот се продадени на кинезите и продукцијата ја прави нашиот пријателски и братски народ на Народната Република Кина, а магацините и канцелариите им се по источна Европа. И сега истите тие кои нај ногу “жнеат“, си земаат за право да ни продават “глобалната енергетска и економска криза“ се со цел да го исцицат и последниот грош од препечатените пари. Сите “учени“ кадри си ја наплаќаат работат без срам и мерка, а човеците кои работат и со пот создаваат конкретни и допирливи вредности се убедуваат дека поради заради “глобалната енергетска и економска криза“ мораат да се одречат од и тие малку задоволства што ги имаат.
Јас не знам до кога ќе го играеме орото, во секој случај додека колку толку ни остават колку толку парички за да си ги задоволиме тиа малку задоволства. А кога ќе дојде моментот кога гладниот не “гарантира за ништо“ нема да се плаше и да одговара за било шо.