Во виното е вистината, во фотографијата ц`!

22 ноември 2022.  22.11.’22 ! на Гого дигитронот одма преработи и вика денеска треба 55 фотографии (22+11+22=55). Не успеав. Само 22. Пофторно времето и атмосферата си подиграа со мене.
Јас одма да си кажам, не дека немам photoshop,  и не дека не го користам. Дури photoshop-от ми е нај саканата и нај користената програма. Го користима за коректура на светлината, “калибрирање“ на боите, и НАЈ ногу за исправување на хоризонтот! Хоризонтот или објектите кои ги фотографирам, секогаш ми застануват настрана кога ги сликам , тоа пустињето 🙂 !

Пред некој ден посетив една трибина на еден фотограф од “нашто маало“. Роберт Боеш, живее во Обераегери, а студио му биле сите планини по цел Свет, шо по висока тоа по згодна за него.
Човекот расправаше како покрај алпинизмот се префрлил во фотографијата, професионално. Си призна дека на почетокот од кариерата, кога фотографирал бидејќи бил таму, неговите фотографии и ако со просечен квалитет биле секогаш купувани од разни ревии и редакции. Квалитетот не бил толку битен колку ексклузивноста на фотографите од места кои до тогаш човек ги немал ни видено, не пак да ги има фотографирано. Подоцна кога се определува да постане професионален фотограф, фотографиите биле на нај високо ниво, а местата и акциите кој ги фотографирал уште биле уште единствени и ексклузивни. Човекот не само што ги има искачено Ајгер-нордванд и на Монт Еверст туку на неколку пати и како “фотоерепортер“ кога прати некои алпинисти за кои се прават репортажи или филмови. Неговите фотографии се како и моите. Сурови и искрени. (за квалитетот не праиме сеа муабет 🙂 ) Спомна човекот дека исто така не обожава обработка на фотографијата до степен на “смрт на фотографијата“ и дека се нервира кога ќе изложи фотографија која се фотографира “еднаш во стоте години“ и некој ќе му прирече дека е убава ама не морало толку јако да а преработи!!!

Да реалноста во фотографијата одамна веќе не е автентична. Работата со фотографијата е забегана, поготово со појавата на “инштаграм“ и ниа инфлуираните од инкубатори. Па така кога некој стварно ќе направи прекрасна фотографија, сомневањето дека е дело на photoshop е оправдано.

И така, јас ќе продлжам да штракам фотографии од мојата животна средина, ако треба ќе ги подзавртам тиа два три реглери во photoshop и ако се 22 а не 55, шо да првавам, 22 се. Можам тиа фотографии, неколку од нив, да ги поминам преку неколку “присет-а“ и да испаднат ѓоа ваквоа. Ама мене тоа уште не ми прави радост. Можеби за некоја година, кога не ќе можам да шетам и да бидам дел од природата. А до тогаш ќи го има тоа шо го има.

Во истиот муабет со господинот Боеш беше и кажано за репортерската фотографија исто е важно што стои во легендата/потписот на фотографијата. Еден ист мотив може да биде пријатно прифатен или да возбуди одбојност зависи како е насловена т.е. што е запишано за фотографијата. Па така фотографијата како нем сведок и не може да се “прифати“ како сведок, ако нема искрен текст.