и тогаш дојди Чак Норис!

Ставаш во темно за на работа.
Добро е, сме спиеле добро. Тргнуваш за на работа, патот блокиран. Јас ќе почекам, ама телето шо го донесија во месарата ќе му биде последно утро. По патот врне дожд, ама арно е, јас сум со кола, на топло. Нешто гребе глото, ама после првото кафе белки ќе биде по арно. Стигнуваш на работа, темно. Ама кафето пресно и топло. Првите муштерии идат уште не осамнето салам, сите се жалиме, ама и сме среќни шо има работа. Куферот од моторот исушен, може да се фарба. Не испадна убаво, ама па и заштедиме некој денар, со “уради сам“. Далеку сум од дома, ама има телефон па се слушнаме со мајка. Куферот, фарбањето, не ме бендисува. Избришана бојата, ќе се организира спреј, не со четка да се фарба. Барам штекер за да приклучам, монтирам навигација на стариот мотор. Нема ништо на лагер. АМА имаме време сезоната е завршена а следната дури за некој месец. Грлото гребе уште, се јавив на невестата она е добра, не е од вечерата синоќа значи. Синоќа славеме годишнина, па посетивме еден “извикан“ ресторант. Јадењето изобилно, ама ништо специјално. На радиото а пуштија “Јерусалема“, радиото го изгасив. Надвор се осамна, ама не се раздени. Тмурно, мокро и мрачно… Ручав, јадењето од вчера спремено, ама по убаво одколку вчера у ресторантот! Грлото уште гребе. И после два чаја со мед. Се прават планови како да го решиме тоа со грлото, ако и понатаму гребе или се појача, дали е грип/корона или е само од сувиот воздух? Вечер дали ќе одиме на Божиќниот пазар со пријателите или сами? Дали за утре вечер закажаната посета ќе одложи или невестата сама ќе оди кај бебето… Во меѓу време се услужуваат муштерии кои и покрај грозното време спорадично идат. Експертски диалог со чи Пане. Одлучено за првиот пристап кон ситуацијата. Читање на “електронската пошта“ пакетите кои се чекаат кој стигнал, кој е по пат, кој лута на пат. Ако нема нови компликации се ќе добиеме до крајот на неделата. Сакаш да спремиш шаблон за моторот, испадна ѓоа конструиран од некој инжињер со 20 години работно искуство. Шаблонот се прекрстува во држач за навигацијата. Газдата дојди во фирмата. Стручен разговор, испратен газдата. Пособрани алатите по фирмата и патот накај дома. Дома стигнат пакетот со едната фотографија. Фотографијата закачена на ѕидот. УБАВО! Облечување топло и го исправиме патот накај Еинсиеделн. Божиќен пазар, топло вино, кафе куетер, ловџиски чај, сервола, кеизершмаре, аепфелкуехли, еден лампион и ајде пак накај дома. Изморени, во колата топло. Дома стигнати, средување на фотографиите. Грлото уште гребе. Правење чај. Чајот испиен. Фотографиите средени, грлото уште гребе. Шеќер у ѓезвето и ајде топла ракија. И вториот пакет дојди!!! Во девет саатот навечер! Календарите убао изгледат. Првиот изгребан уште на отварањето. Топлата ракија делува, задремуваш полека. Тоа е еден ден. Следниот ден спак со нови радости и нови грижи. Доаѓаат рачуни за осигурување на возилата, ама до крајот на месецот ќе дојде и “тринајстата плата“. На работата стандарт, кафе пиење, муштерии услужување, сепарацијата  надгледување да работе. АМА една лента (нај забарикадираната) блокира. Зимаш лопата и пцостите по ред. Дури некаде на буква Т по “Кавадаречкиот лексикон на пцости“ успеваш да ја курдисаш работата пак да работе како што треба да работе.
Свраќаш дома од работа изморен и истрошен, а гребењето на грлото поминува на течење мрсоли и главоболка…

Дувна ветре развигорче
Никола Тесла
Дивље Јагоде

Не, Гого нема “моја песна“, Гого нема нај сакан пеач, Гого нема идол (тоа дури и Библијата вика да не си правиш идоли) ниту пак некогаш навивал за некој или некој тим. Виа горе напишаните се секој на свој начин нешто што го ценам и почитувам. Ама за нив “вени да сечам“, ЈОК. Уште како дете не ми беше јасно ЗОШТО некој навива за некој фудбалски клуб, во тоа време познат само преку весникот или некогаш на телевизорот. МОЈОТ КЛУБ?!?! Не ми беа јасни сите тие деца шо навиваа за Ѕвезда, Партизан, Динамо или Хајдук?!?!? Ај за Вардар и така и така, тука беа они, со алтобус се одеше до Скопјето. Да навиваш за Тиквеш можеби е фамилијарна или роднинска обврска. Ама и тогаш….

Еве гледам у денешно време кога Светот е постанат глобално село, како уште имат и тоа уште повеќе имат навивачи разни ИЗВИКАНИ клубови. Мене УШТЕ не ми е јасно ЗОШТО човеци навиваат, жалат, се радуваат, се соживуваат, се горди, се поносни или огорчени со некој си клуб, спортист. Еве да речиме Гого навива за тимот “Т“ во кој играе играчот “Х“. Играчот “Х“ заработува неколку милиони за тоа шо има дарба, талент и ја вложол сета своја сила у тој спорт. Играчот “Х“ трче или не и тимот “Т“ победува или губи. И сега треба Гого да се радува или тажи или нервира. Да еве ќе победе тимот “Т“ со играчот “Х“, АМА тоа не е мој успех, или ако изгуби тимот “Т“ со играчот “Х“ јас ништо не сум крив. Тоа се успех нивен на тимот “Т“ со играчот “Х“ па макар тоа да биде и репрезентација. ЈАС ништо ниту губам ниту добивам, јас ќе морам утре сабајле во 05:30 да станам и да го исправам патот накај работата. Јас ќе морам да бидам љубезен кон муштериите и ако ми у тој момент се до преку … дојдено. Дали играчот “Х“ ќе земел 5, 15, или 150 милиони, рачуните за колите и моторите ЈАС морам да ги подмирам. НОРМАЛНО денешниот “спорт“ е најголемата печатница и перална на пари, и како у секоја фирма ногу човеци работат еден ги собира парите. Имало Светско првенство. Нека си играат децата. Лошо е шо “спртот соединува и во спортот не се меша политика“ а оно и двете екстремно не тачно. И тоа со измешаната телевизииска програма ќе помине. Некои ќе се наречат после тоа Светски прваци, другите ќе ги изедат шпагетите и компирите и ќе си отидат по дома. Гого пак го чека сепарацијата.