Дали само мене клемите ми се измешани или човештвото е дојдено до степен на рамнодушност. Да возачите (или тие што седат зад воланот) на моторни возила, уште ме нервират од дното на душата, кога “дремат“ на семафори и на сред раскрсници. Други работи не ме нервират, ама во последно време се повеќе ме вознемирува лигавењата од стилот “за да ја спасиме планетата Земја треба да поскапиме, со горивото, со струјата, со кафето, со патарината, со осигурувањата … и во исто време мора да се одкажиме од барања за поголема плата или исплата на прекувременото работење“
Ме вознемирува прифаќањето на “сервирани факти“ од типот ајде сега сите да штедиме струја оти ќе нема. Ама пред да снема треба да ја поскапиме за да се регулира. И да, мислите му, а и планирајте шо прво ќе исклучите ако дојде кнап струјата. Еве сега ќе почниме со Божиќното/Новогодишното осветлување.
Да тоа, Божиќното/Новогодишното осветлување или по добро кажано непоставување на осветлувањето, со изговор дека ќе заштедиме незнам колку енергија, ме наведува на мисли дека некои си структури од општеството пофторно си прават експерименти со нас, исто како ниа со короната до пред некој месец, да се утврди колку сме глупи и колку сме спремни да преплаќаме за продавање на топла вода.
Не дека јас ногу сум по тоа декорациите, еве и мене не ми се наместени ламбичките уште, ама тоа кај мене почнува од Св. Никола до првославната Нова година. И тиа ламбичките, ставрно се позитивен елемент во ова време од годината кога денот завршува пред работното време. А топлат душата, а плус и по некоја убава фотографија се створува.
Се чудам со кои задни мисли телевизииските медиуми ни пласираат информации и реклами. Во секој рекламен блок оди нај малку една или две реклами за штедење струја (не се бањај во када – туширај се, не вари гра у тенџере без капак, …), да во истиот блок реклами го покажат кока-кола-камионот, осветлен повеќе од било која “грчка сканија“ со Дедо Мраз оклештен како да е внук од сестра на Мерилин Монро а не светец од блискиот исток. Тоа е кога животот му го отстапивме на режисерите на ефтени холивудски филмови.
Пред некој ден, навечер, отидов до Луцерн со ниет да направам некоја фотографија од празнично украсениот град и секако една рака коштани да апнам 🙂 . Се потрефи да е работен ден, малку магловит, малку влажен, малку ладен и плус Швајцарската фудбалска репрезентација играеше на свеЦкото првенсто (последната утакмица 😉 ) гарантирано ќе биде прекрасно да се фотографира, ќе нема ногу народ по улиците… Попат поминувајќи преку неколку села приметив дека исто како во нашето село така на секаде ја нема наа предпразнично со ламбички разубавена атмосфера. Си викам ајде, Луцерн си е “Градот на светлината“ сигурно ќе биде барем он дурдисан. Тикви. Влегувам у градот, “стање нормално“. Си свете уличното осветлување ама повече од тоа не, тука – таму по некое на прифатно осветлено ќоше. Ја нема ниту огромната елка пред црквата, ниту елката кај БУХЕР свети, а хотелот ШВИЦЕРХОФ кој со години се тужеше со градот заради неговото “пастелно“ осветлување кое не се совпаѓаше со концептот за осетлување на градот, и он во темнина… НИШТО, си купив коштани од матичниот продавач на коштани, ја извртив кратката тура по градот и ајде куќи!!! Остана една огорченост, не од коштаните, туку од ситуацијата која е направена со, би ја нарекол, зелена револуција.
Другата вечер по работа во Цуг. Се паркирам како и секогаш во центарот на градот и ајде до тие две три места што треба да се заврши по некоја работа. Не, незажалив што фотокамерата ја оставив во колата. Истиот терк. Изиграваме спасители на планетата земја. Некогаш раскошно осветлениот трговски центар МЕТАЛИ декориран со некои си лампиони и фигури со стил на “Рада Поцева“. Цуг, место каде се тргува со една четвртина од светските ресурси!!! Штедат на ламбички!!! Толку бледо. И бедно.
Ајде уште една преверка, ваа пата во Цирих. Светски познатиот Цирих. Плус во ова време во Цирих имаше три-четири Божиќни пазари. Скоро истата слика. До душа, Баноф Штрасе празнично осветлена како секоја година, ама само она. Плус некоја уличка лево и десно ама без концепт па така и тука се осеќа “зелениот бран“. Од тоа божиќните пазари исто така само мизерна верзија. Порано имаше од “свирче до памук“ (шеќерен), сега малку лампиони, некоја играчка и еден куп јадениња од шо повеќе земји на земјината топка за кои не си ни знаел дека постојат… Апнаме нешто од штандот на нас братскиот и пријателски народ на Шпанија, две раци коштани, се напиме топло вино, платиме 15 франака за паркинг и ајде дома, на топло (и топла).
Пред ногу години имав еден конфликт со газдата. Иде он како шо е редот да провере како оде работата и слушна дека радиото работе во работилницата а таму нема никој. И ни ги удари калаите, на шо личе тоа демек струја се трошело, воа ноа, не сме пазеле и то. Јас тогаш му ја објаснив ситуацијата гледано од страна на електричарот во фирмата. Можеби не ја прифати, ама го сфати фактот дека радиото може да работе и цела година и нема да истроше толку струја колку шо ќе истроше струја една дробилка од сепарацијата ако работе пола саат напразно. Да капка по капка море, ама човек треба да си го направе есапот ако може со пет-шест мочажи да направе море дали сака да чека со години да капе капка по капка за море да се направе….
Мислата ми беше ме вознемирува ситуацијата на владите и газдите кои ни сервираат ситуација дека ние треба да се грижиме за зачувување на планетата Земја со одрекнување на тоа малку задоволство што можеме да си го дозволеме, само да го свртат вниманието од СРАЊЕТО кое ОНИ го имат направено.
А на карј на краиштата, ни Леонардо да Винчи немал струја и интернет па човекот има измислено, направено работини шо огромен дел од човештвото ни денеска со сите “АПП“ови не може да ги постигне….