рѓа

Декември, последниот месец од годината. Полека се планира како ќе презимееме, моторциклистички. Планот е основен и јасен. Регистрацијата не се откажува, исчистени подмачкани како да нема да се возе до април од година, ама спремени и секој момент да се испадне на терен. Оваа година, после неколку сезони повторно два моторцикли на располагање. Едниот спремен за сезона ’23, а другиот при рака за температури 10 +
Е сега при престационирање на мојот сакан и верен R80 RT, приметив дека “искусниот“ ветеран не работи баш убаво округло 🙁 . За среќа, за штелување на солидниот боксер-мотор потребен е еден штрафцигер (во народот познат како одвртувач) и малку слух. И така уште попат си викам шо ќе ја одолговлачуваме работата, вади штрафцигерот од алатот и врти на тоа штрафчињата. Подигам седиштето на моторот да дојдам до алатот и шо ќе видам ?!?!? Р’ЃА. Две купчиња р’ѓа врз капакот од алатот… Јасна е работата од каде идат. Од седиштето, поточно од издушокот на седиштето. Така не беше планирано, виа мотор треба да биде да е спремен за хитни возења!!! Ама бидјќи, затоа што, најавуваа снеговите и ладно време, вадење седиштето и во “лабораторијата“.
Од надвор и не изгледаше ногу лошо, АМА кога го распакував, шо ќе видам, гнездо на р’ѓа. Јасно беше дека нема да се отстрани р’ѓата за пола саат. Па за тоа си викам, ај да видам колку се по продавниците. И шо ќе видам, по 400, 500 евриња ако сакаш оригинал ново по фабрички терк правено. Си викам ај да видам некој од виа тапацирите за возила шо викат они? Ооо, ценички доста веома врло интересантно. Четвороцифрена бројка не те расправа. И бидејќи сум дете од времето на “ОТО“ и “Уради сам“ си викам оти да не си ја пробам среќата и во водите на столарството / тапацирањето… Ако за нешто ме бива, тоа е да растурам, разштрафам нешто.
И така после една недела, неколку саати работа, мала инвестиција и ногу емоции (си ги пофториме дел од кавадаречките изворни пцости) седиштето е пофторно на моторциклот со ГАРАНЦИЈА дека наскоро нема да пушти ни ронка р’ѓа.

И сега остана за размислување, стварно заштедиме 300 – 400 франки, ама дали они го покриват вложеното време и насобраната нервоза? Па ми дојдоа на памет и човеците кои тоа го работат професионално и ствараат прави уметнички дела со нивната работа. Дури сега ја сфатив ситуацијата, дака од нив бараните неколку стотици франкови да го поправат седиштето не ни толку претерана. Замисли, јас тоа шо го направив во 6 или 7 саати, они ќе го направат за саат, два, АМА нивното искуство не е стекнато во 10 саати.

И така сега во ова предпразнично, не толку “назначено“, време ми се вртат многу други мисли во правец на тоа кој колку го цени другиот! Баш размислувам зошто не оставиме да секој ја работи работата која ја знае и ја прави како што треба? Зошто мораме да пробуваме да направиме нешто подобро од другиот, на кој тоа ме е животна ексистенција? Ама некаде длабоко во нашиот Македонски код / ген врежани се работи кои никако неможат да се избришат. Вековната окупација и експлоатација направила да Македонецот во душа се осеќа сиромав. Па се штеди каде може до скроз. Се работат работи дали не бива или не, не е важно важно да се заштеди денар. Или ноа со гладот. Еден век (или со векови) се јаде на гозби како да ќе биде тоа за следниот квартал. Условено од вековното немање, на секоја слава мора да се изнаправе јадење мислиш војската на Александар Македонски на вечера ќе ти дојди.

Ама има многу не разјаснети мистерии на овој Свет. Еве на пример, пед некој ден Аргентина постанала свеЦки првак у фудбал. Милиони аргентици во еуфорија и транс ги дочекале “хероите“(?!?!?) од Катар. Па тоа било славје, па тоа било радост… Сега, се мислам што добива една нација кога 10 – 11 деца шо играат топка под нивно знаме? Дали сега еден човек отиде да си купи внатрешна гума за тракторот ќе му ја продат по ефтина заради тоа шо некој таму фудбалер имал среќа и дал гол ??? Дали на некое семејство у провинцијата на Аргентина кое се боре да го врзе месецот ќе им се намали сметката за струја? Оти некој таму ја фанал топката. Интересен е тиа Свет на “хомосапиенсот“.
А сега иде и Нова година и Божиќ, па едните ќе се помолат и посакат, а другите ќе чекат, оти кај нив уште ништо не се дешава (кинезите).

Моментално сум среќен, шо ете моторката е спремна да се вози, и ако по се изгледа тоа нема да се случи ваа година веќе….