Во ТХТ учеме ЗПО и ОТО. За ОНО не се сеќавам дали беше у осмолетката или у средното. Ама уште у осмолетката учеме “Домаќинство“. Од Домаќинство памтам…. дека учителка ни беше Брижитка, по прекар, името и го заборавив, одамна. Толку. Тоа исто така посебна прикаска. Мислам на имињита. Прво имам проблем на некој “нов“ човек името да му го запамтам, а со годините се повеќе имиња заборавам. Еве да не одам по далеку, имиња на први братучеди. Полека ама сигурно подзаборавувам некои. А имињата на “внучињата“ т.е. децата од првите братучеди …
Значи во ТХТ, ЗПО, ОТО и ред други предмети. АМА веронаука никогаш не сум учел. Веронауката и религијата сме ја учеле, сега по модерно кажано, по систем “лернинг бу дуинг“ 🙂 . Во црква одеме со баба Зора, Бог да а просте, за сите празници. Црквата ни беше скоро речи у дворот.
А плус човек учи додека е жив! Така секоја Нова година ја почнувам со нови сознанија и празнини во меморијата (заборавени работини).
“Кавадаречкото Архиерејско Намесништво“ е најновото зборче шо го научив во Лето Господово 2023-то. ИЧ немам проблеми со нови работи. Како секој човек сум љубопитен и сакам да научам нови работи и да видам нови хоризонти. АМА никако не можам да го “сварам“ ноа кога треба да тераме демек некоја традиција и вера, а секоја година испаѓат нови правила у играта. Од година во година “дознаваме“ за нај нови трдиции и обичаи. Тоа ти е неизбежно од кога вероисповеста се префрли од црквите на ЊЊЊ (читај интернет, фацебук, инштаграм & co). Па сега од кога поминаа (скоро) сите празници и поФторно уште у темно одам на работа, се мислам, дали сум доволно верник. Дали ќе бев подобар верник ако на мојот “ЅИД“ и на сите “пријатели“ со канонското “copy paste“ им се уфрлам со фотошоп “дизајни“ во религиозниот живот на човеците?!?!?!? Или е доволно ако на инШтаграм ставам слико од Бадниковата трпеза? Или пак со детален извештај кај кого паднала “паричката“ се покриваат сите верски обврски? АМА тоа со паричката пак е конфузно! Едни викат е да, други викан не, НЕ за Бадник. Паричка се деле за друг празник шо беше де… А да. И мојот омилен датум и чин. 5ти јануари, Колејца. Денот, поточно вечерта кога се палеа оѓини и МАЖИТЕ пееја порнографски песМи!!! И Колејца, црквата вика не, народот вика да АМА и жените не смеат да фалат… така да сето е веќе не прегледно, за мене.
И сега. Колку сум јас верник? Јас мислам дека јас сум толку ногу верник, колку шо сум и грешник. Некако на “млака вода“. А како што имам спомнато, темелот на моето верско живеење го постави баба Зора. После, некогаш ногу покасно, кога почнаме како фамилија посебно да ја славиме куќната слава прашав кај попот кој “хонорарно“ беше дојден во Македонската Православна Општина во Швајцарија како оде редот са славење на празникот, одговорот беше, дека нај убаво е да прашам моите дома оти од регион до регион било различно?!?!? И така почнаме да славиме слава и секоја годинисо нови сознанија ја прилагодуваме… Ама браќа, доста е. Секоја година со нови “правила во играта“ не е интересно веќе. Јас мислам дека и понатаму ќе си бидам верник, по малце, ама секој ден.
Во секој случај продолжуваме и во најновата година да виреиме како до сега и како другите ни го сценираат животот. За тоа што колку толку имаме некој пристоен живот и не сме спремни да се откажиме од убавите мали нешта за да се бориме и жртвуваме за големите, важните работи.