Скриени зад компјутерот и “QR“ кодот веќе не ни приметуваат дека се дел од машинеријата наречена “вештачка интелегенција“. Дека полека се човечко од нас се празне и стануваме интерфејс за единици и НУЛИ.
А ги има. И ако ретки, многу ретки, ги има. Пред некој ден за другарот Коле требаше да прашам за некои си делови. Нормално одма се почнува во ЊЊЊ со пребарување на дотичниот сервис во околината. Дигиталниот агент на интернет страната за свеЦки познатата марка ОДМА ми ги презентираше неколкуте сервиси во круг од 25 километри. Испадна и сервисот во Брунен, селото во кое е седиштето на фирмата во која работам и во кое живеевме дури бев по мал. Но се сетив дека пред неколку денови поминувајќи таму, добро, беа баш Божиќните и Новогодишните празници, сервисот ми делуваше некако како “запуштен“. А плус нема ниту интернет страна, ниту е/маил адреса!!! АМА телефон, телефон има! И ајде, го завртивме бројот 041 820 .. .. (број од времето на ПТТ, кога по позивниот и првите три бројки се знаеше каде телефонираш, во кое село…) Се претстави мајсторот, кој мислев дека одамна е во пензија, или па неговиот син??? Името на таа фирма стои повеќе од 40 години на тоа место. Нејси.
- Добар ден
- Добар ден.
- За тиа и тиа мотор, таа година ми треба таков дел, може ли да се набаве и колку ќе кошта?
- Оооо, за тие постарите модели делови има ама се чека едно седум до десет денови, и последен пат кога користев таков дел беше околу толку франкови, ама ако сакате точна цена треба да се виде точно а за тоа ќе ми треба и број на шасијата од мотоциклот, ама обично, од искуство, до сега ни еден дел не постанал поефтин, секогаш поскапуваат.
- Благодарам за информацијата, ќе пренесам до другарот и ако е заинтересиран ќе се слушнеме повторно.
Вакви муабети се ретки, дури по ретки од бели мечки. Вчера исто по дел за кола. Се јавувам во автоодпад, со ниет да набавам огледало, во народот познато како ретровизор, за автомобилот (нетња го еба, го здроби ѓоа ваквоа). Се јавувам телефонски…
- Добар ден
- Добар ден
- За Тојота, таа година лев ретровизор, страна на возачот имате ли нешто?
- Господине треба да исполните формулар на нашата интернет страна !
- ?!?!? добро…
Ајде врти пак њњњ, наоѓај формуларот и го исполнив. После неколку саати (7) добивам е/маил со понуда за огледало од стара кола кое не е толку ногу сокршено колку нашето и цена 100,- фр. + ддв + поштарина = 129,80 фр. Гого пак врте телефонот и вика дали може да правиме бизнис за 100 фр, комплет?
– НЕ, цените се внесени во компјутерскиот систем и тоа се цените. беше отсечниот одговор на “продавачот“
– НЕ, не го купувам, инатот не ми дозволува да го акцептирам вашиот компјутерски систем, ви посакувам пријатен ден и успешна Нова година, беше мојот одговор.
ЕЕЕЕЕЈ, Компјутерски систем, ЦВРСТИ цени!!! Во автоотпад?!?!? До вчера не знаеа шо е ЕНТЕР сега се кријат зад компјутерски системи и QR кодови.
На човек не му е јасно што се крие зад сета таа денешна “трговија“. Од една страна се повеќе сѐ се префрлува во “интернет продавниците“ и се повеќе продавачи во “вистинските“ продавници не знаат шо продават, дури не го скенираат QR кодот. Се повеќе се губи ноа човечкото, кога еден човек/продавач ќе се пазаре за цената, без повикување на компјутерски системи, шефови и економски кризи… А можно е.
Да не одам ногу далеку. Еве од мене ќе почнам. Ногу е важно и дневното/моменталното расположение и сипатиите. Ако дојде некој филанкиш муштерија, и почне “имате ли тиа и тиа песок“ ногу чест одговор е дека немаме. Ама ако дојде некој филанкиш муштерија и рече: “Добар ден (!), мене ми требе тиа и тиа песок“ ногу често (секогаш) ќе добие песок. За тоа што ние на плацот имаме околу 15 врсти песок и секој од нив има по неколку “имиња“, зависно дали зборуваме по регионални, швајцарски, европски или мајсторски “стандарди“ 🙂
АМА јас никогаш не викам, чекај, компјутерскиот систем вика…
ЈАС сум тиа шо вика ДА или НЕ. И од ситуација до ситуациј од човек до ЧОВЕК секогаш наоѓаме задничко задоволувачки резултат/бизнис 😉
Да, малку не “врзан“ е виа муабет, ама се повеќе ме нервираат некои работи кои се менуваат и уште повеќе некои работи кои ни ги наметнуваат, а ние лојално и послушно ги прифаќаме без никаков отпор и борба се со желба да не ја изгубиме и таа малку удобност шо а имаме.
И така безусловно ќе ги прифаќаме како нормално
– пивото со вкус на шумски плодови
– разликата на цената на дизелот и бензинот
– поскапувањата на име енергетска криза
– заштитата на педерите и лезбејките
– џаламарите да се џоломари
– бесконечните реклами среде филм
– единичарите како политичари
– трговците кои не знаат да се пазарат
– …..