Првославна

А можеше, можеше да биде фантастичен викенд.
14ти јануари или Нова година по првославниот календар. Не, не грешка напишано. А може и да. АМА јас и така го знам. За тоа што мојот учител по вероисповест беше баба Зора, Бог да а просте. Од неа знам за Првославната црква, за паричката на Бадник, за џаламарите, за Св. Трипун, за црвените јајца… и многу други работи кои ни ги пренеси како што она знаела.

Традицијата на Македонскиот народ убаво кажува дека во месеците со Р во името не се вози мотор. Ама јас го искористив, можеби последниот “не посолен ден“ оваа зима, за да извозам некој километар со моторот, ногу убаво ми “легна“ возењето. Изврши убаво “полнење на батериите“. Како и очекувано со многу малку “средби“ со други моторџии. Во тие 150 км и околу три саати по патиштата на Швајцарската Конфедерација сретнав можеби 5 – 6 други истомисленици. Само за споредба, во убави летни денови на иста патека и во исто време ќе се разминиш/сретниш со едно 500 – 600 “моторџии“.

Обично мите фотографии настануваат случајно, забележани од “случаен поминувач“. Ногу ретко, имам потреба да одам со намера да фотографирам нешто. Како прво, јас од фотографијата НИШТО не заработувам, а од друга страна НЕШТО шо е интересно за фотографирање сигурно е илјадници пати веќе фотографирано, од други. АМА има и такви дешавки кои ме заинтересуваат и предизвикуваат да ги забележам фотографски. Lilu Lichtfestival Luzern, фестивалот на светлината во Луцерн е една таква дешавка. Пред неколку години почна со светлосните перфоманси во Луцерн и на почетокот беше доста веома врло интересно, дали заради тоа што до тогаш скоро и да немавме видено нешто такво или заради тоа шо СВЕТЕШЕ од идеи. Лето Господово 2023то, Луцерн, Lilu Lichtfestival Luzern, наместо да СВЕТИ, жмирка… “осветлено“ со некој концепт за штедење на струја (кое е многу актуелно во ова “свеЦка енергетска криза“ повеќе е срамно од колку да не направеле НИШТО. Во стилот на “видела жабата го потковуваат коњот и она ја дигнала ногата“ направено некој си “фестивал на светлината“ како што би го направил IV б од ТХТ по ОТО. Нејси поминувачка нека има. А план ми беше уште еднаш да одам со камерата на проба. Ќе видам дали утре ќе се “прошетаме“ до Луцерн… “Капак“ на целиот концепт и “фестивал“ (барем за мене) беше и тоа што на секоја инсталација се осетуваше штедењето на енергија и срамното осветлување само една црква ! беше осветлена до даска во боите на УФХЦЏШ тајфата.

И така НОВАТА година почна како што заврши старата. Со безгранично лицемерство од страна на владите и медиумите. Додека богатите, прехрабената и енергетската индустрија купчат ненормални добивки, нас ни “продават“ енергетска и економска криза. Давос, кантон Граубинден, Швајцарска Конфедерација, не фестивал, “СвеЦки економски форум“. 2700 учесници од 130 земји. 50 државници/претседатели, 600 директори на свецки фирми и концерни. Ќе расправат за подобрување во Светот, за штедење и за заштита на човековата околина. А у стварност, распрлање со пари, во Давос со денови просечен човек не може да влезе не дај Боже да помисли на преноќевање во некој хотел или соба! Проституки по Швајцарија нема ни за лек, се е у Давос резервисано! Тиа шо не “учат“ дека мојот дизел автомобил е нај штетен за човековата околина и светскиот поредок, допатуваа со приватни авиони!!!
Да, човек ќе рече шо те интересира тоа тебе? Оди си у црква и гледај кој ќе го фане крстот. Ете тоа е за “народ“. Да. Тоа е за народ и нема да ме интересира ако ниа лигавешите у Давос се кецат и ждерат на нивен трошок. Зошто владата на Швајцарската Конфедерација му посакува СЕКОЈА година добредојде на сите тие таму меѓу кои има и најголеми гниди и му “обезбедува“ непречен престој во Швајцаријата со обезбедување од страна на полицијата и војската кои за својот анганжман во Давос неколку пати повеќе коштат и кој цех на крајот пак НИЕ нормалните даночни обврзници ќе го платиме…

Ајде, ќе помине “СвеЦкиот економски форум“ и белки ќе се навикниме на енергетската и економската криза, па да поминиме на дневните проблеми.
Како шо се,
– нивото на водата во Тиквешкото езеро,
– дали се џаламараи или џоломари,
– на цената за смедеревка во реколта 2023,
– …