стрижење, овци…

Веќе неколку години, од како и јас полнам видео записи на “youtube“, се прашувам со кои есап некој тоа го дозволува. За моите неколку интернет страни имам изнајмено сервер за кој плаќам околу 100 фр. годишно. И на него имам околу 100 GB место. Затоа баш ми е интересно како некој филанкиш човек ми дозволува да на неговиот сервер паркирам видеа, веќе во “TB“ област?!?!? Без Платно!

У седум и петнајс, цртан филм. У седум и пол вести. У четврток квискотека. У сабота забавна програма.  У недела, знање имање, неделно попладне и хумористична серија после вестите. Неколку серии, неколку емисии, некој филм и тоа беше програмата на РТС. Реклами ногу немаше, или не памтам. А шо ќе рекламираа? БИЉАНА прашок или СЈАЈ ??? Ниту па на НИВЕАта и требе реклама. Тоа беше, друго нема.

Некаде на почетокот од осумдесетите години на минатиот век, Градски Ѕид Скопје, првпат у животот контакт со “приватна телевизија“. Преку сателит гледаш музичка програма од странство дури. Плус, две три други програми на кои само филмови се вртеа. Реклами малце.

Се повеќе и на секаде почнаа да се раѓаат и развиваат “приватните“ телевизии. Нивната егзистенција е поврзана со добивка од пружените услуги, не како државните од глобата која ја зимаат од народот, па рекламите како приход не можат да се отстранат од програмата, разбирливо.

Новодојден во “туѓуната пуста да остане“ конзумирав безмерно од тиа приватните телевизии, дали серии, дали филмови повеќе на репортажи, секако и реклами, додека не ми здодеа и не ја осетив истата шема, во разни пакувања.

Интернетот. Спас. Одиш на www. и си бараш шо ти треба, гледаш шо те интересира. Во секое време. Не мора да чекаш седум и петнајс. На почеток (преди ногу години) јутубето беше не толку “наполнето“, ама секогаш имаше да најдеш тоа шо те интересира. И јас почнав да го полнам J
Памтам… тогаш на почетокот од јутубето, ќе кликнеш некое филмче, и гледаш. Чат пат на секое  петто шестто филмче ќе ти се уклучеше реклама пред да почне филмот шо сакаш да го гледаш, ама ако не те интересира рекламата после некоја секунда можеше да ја “прескокниш“ и си поминиш на гледање на филмот.

Година дваесет и трета од век дваесет и први. Алгоритмите на yоutube наострени на нај јако. Пушташ филмче за нај новиот BMW M 1000 RR … И ПОЧНУВА една реклама, за најдобри бинди кои никако не пропуштат и при нај јака менструација, втора реклама, за кредит за куќа или стан ако сакаш да купиш – градиш … прекинување нема! МОРА да ги изгледаш или истрпиш двете. Почнува филмчето. Од искуство знаиш дека првите две минути од презентацијата се лафе за “чувствата како настанал моделот“, го поместуваш реглерот две три минути понапред! САМОЗАЕБУВАЊЕ! Пак реклами, за некој “ноќен крем“!!! АЈДЕЕЕ ќе почне некогаш да се гледа филмчето, и таман си се концентрирал на презентацијата ОП! Пак рекламичка, ….

И така ќе ти се одгледа тоа шо сакал да гледаш и одиш на фрижидерот да му се осветиш!!!

СИТЕ ЛАЖАТ!!! Така вика мајка Љубица. Ама јас мислам дека повеќе нејзиното не толку често кажувано СИТЕ ЗИНАЛЕ ПО ПАРИ, се повеќе се пробива. Оти лажење без есап никој веќе не одгледува. Врховната директива е да се земе пари, од кој, како, за шо , не е важно. Важно да се касира.

И така полека ми станува јасно, собери шо повеќе овци, направи ги “зависни“ од тебе И ПОСЛЕ – СТРИЖИ!!!