3.2.`23, 3°C
Ете, јануарот го испратиме така, незабележително, каков и шо беше. А чудно почна. Со пролетни температури ги пречекавме првите денови од НОВАТА година. Година на која не и се радувам, ама ИЧ. Значи почна со температури кои доликуваат за пролет или па дури и за ладните летни утра. Ама тоа не беше толку позитивно колку што е негативна сета ситуација со која влегувавме во нова година. После повеќегодишното масирање со корони, ковиди, вируси, тестови, вакцини, старата ја испративме и “новата“ ја дочекавме со КРИЗА!!! Енергетско-економска КРИЗА. Машинеријата која се нарекува “западна демократија и европски вредности“ успеја да ни вакцинира страв наречен Путин. Бидејќи вакцините против ковидот почнаа да делуваат или пак не, потребен беше друг инструмент за контрола на лојалните и послушните широки маси во западот и европа. А бидејќи ногу други маси се стремат кон европа и демократија и они се фанаа на орото, сакале или не. Ќе помини и ова зло, некогаш. АМА “креаторите“ на “западна демократија и европски вредности“ сигурно чекаат со нов “кец у ракавот“, лошо ќе биде кога стварно ќе почне да не боле.
Од кога сум “на привремен престој“ во Швајцарската конфедерација (веќе триесет и кусур години) НИКОГАШ во семејниот буџет рачуните за струја не биле калкулирани. И со тоа, до скоро не ни ја знаев цената на струја. Живееме во една општина во која дистрибутерот на струја СО ГОДИНИ на назад се фале дека струјата која ја користиме е 100% од хидроцентрали од регионот (20 – 30 километри од нас). Хидроцентрали кои се во експлоатација и повеќе од 100 години. И СЕГА, “поради глобалната енергетска криза“, морат да ја поскапат струјата до 30%. Рачунот за струја пак нема да биде причина за корегирање на семејниот буџет, струјата ќе поскапи 30% ама рачунот нема да поскапи толку, зарди тоа што цената на струјата не прави ни 30% од рачунот, во рачунот по големи “трошоци“ се даноците, обезбедената снага и таксите… Исто и како што цената на горивото не ни ја смени “навиката“ на користење на моторни возила, така и струјата ќе си ја плаќаме лојално.
Мене ова сето ме нервира што “западната демократија и европските вредности“ не местат и змија да не клукне и магаре да ни го фукне, а ние лојално и пристојно го прифаќаме. БОЛЕ шо НИКОЈ не пофтенува нешто за да се запрашаме ЗОШТО поскапува нешто шо е направено од ланскиот снег? КОЈА врска има Путин и војна и пичке материне????
На гробот на Гоце не сум бил. Ни на гробот на Тоше. Ни во “Музејот на вкусовите“. На гробот на тате одам, кога сум во Кавадарци. А гробот на мотите баба, дедо, татко е на ќоше. Се случило да отидам и да видам дека некој пред мене бил таму и запалил свеќа. Сум осетил дека некој “друг“ оди и пале свеќа. Можеби и е човек шо јас не го сакам. АМА ете некој (и) има респект спрема моите па одава чест, на свој начин. И не гледам ништо спорно.
Спорно е кога одењето на гробот (на Гоце) се користи за манипулација на масите.
АМА ете, открија “нова“ алатка за држење под кумплунг на патот кон ЕВРОПА и “западната демократија и европските вредности“… И ТАКА продолжува цврстото чекорење у место кон европа и “западната демократија и европските вредности“. Пат и чекорење кои траат и траат и траат, триесет и кусур години. Пат и време во кое масите вегетираат и викаат УРА, а “водачите“ и трасерите касираат, жнеат и купчат.
Незнам дали имам спомнато, ама одамна расправам и кажувам дека имам доста веома врло добар и спокоен живот. Ме нервират чат пат некои работи (ниа возачите шо дремат на семафорите и на зелено не тргнуват дури не се изгласа демократски меѓу патниците дали да се тргне, тиа нервират УГУ!!!) ама пак сум задоволен со општата ситуација околу мене. Господ ми дал прекрасна фамилија која ме трпи и кога депресијата си ја лекувам со купување на некој објектив, или камера, или куфер за моторот, или кацига, или мотор… И се до тогаш дури јас моето слободно време ќе го трошам да му го трошам времето на Пане и да ме расправа со моите хирови, се додека се радувам на новата “плетка“ на моторот, се додека се радувам на безгрижните возења по патиштата на Швајцарската Конфедерација, се додека се радувам на убавите фотографии од тие возења, се до тогаш ќе ми биде “ер си бир“. И за цената на струјата, и за ламбичките во Луцерн, и за цената на бензинот, и за гробот на Гоце, и за цената на смедеревката, и за патот кон ЕВРОПА и “западната демократија и европските вредности“ …
АМА еден ден, еден ден ако почне да боле. Кога ќе почне да боле, не гарантирам за ништо.