(едно викенд-размислување)
И пак.
ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА, ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ!!!???
“BMW Motorrad“ повикува околу 250’000 мотоцикли три модели од фамилијата R1250 поради “техничка акција“ со која ќе се изврши “подобрување“ и тоа ќе било со актуализирање на софтверот, и ТАКА ќе се избегнело можното кршење на осовина во мењачот!!!
Пред некоја година, при посетите на BMW сервисот поради набавка на некои делови, додека чекав да ги донесат од магацинот, можев да го слушам муабетот на продавачот со купувачот на гланц нов R1250 GS. Му ги објаснуваше дугмињата и рачките за управување со возилото и како дека првите неколку стотина километри треба по мирно да го возе. И ДЕКА НАСКОРО ќе го добијат и новиот софвер кој при првиот сервис ќе го инсталираат и дека ПОСЛЕ наместо три ќе има ДЕВЕТ!!! возни модуси!!!
Уште пред воа сето, ногу години на назад, кога синот на татко почна да оди во средно школо, имавме контакт со школството и образованието повеќе. Тогаш додека неговите другарчиња одбираа шо занает ќе учат, имаше имаше и опција да почнат да учат за мехатроничар. Мехатроничар ?!?!? Тоа ти нешто како Сони-Ериксон или целогодишна гума за кола, го бива за се помалку, ама за ништо салам.
Од мал сум имал интерес спрема рачните часовници. И уште во детските денови добив еднен “автоматски“ саат на кој пишуаше *swiss made* (покасно се испостави дека таа МАРКА у Швајцарската Конфедерација НИКОЈ не ја познава…). Тиа саат неколку пати требаше да се источни. И нормално при секоја можност ќе поминев кај вујко Ќиро и дури се поздравиме и праша како сме по дома, ќе ја стави таа лупата на окото, ќе отворе саатот, ќе заврте на федерчето и ОП, спремен за понатамошно користеше.
Овие зимски месеци, ги користам за подготовки на моторките за сезоната која доаѓа. Па така мирно и без брзање се дотеруваат ситници “кои живот значат“ 😁
Работи кои со години сме ги акцептирале, ама сега наеднаш ги сакаме со уште повеќе “угодност“. И затоа што јас сум Титов пионер, дете кое израсна во систем “направи (поправи) сам“, во време кога се немаше пари за да се купи ново, па со чекан, клешта и тел сѐ се поправаше, почнав да ги поправам “грешките“ на инжињерите од BMW. И нормално така стигнуваш на граница на која самопрајското ќе те “кошта“ НОГУ време (и нерви) па се одлучуваш да купиш веќе направеното.
Моето прашање во сервисот на BMW дали имат пинови да си купам и да си го кодирам клучот од новонабавениот куфер за моторот, беше: “донеси го куферот и тука ќе ја средиме работата. Добро.
Сабота, тмурна и врнежлива како у ноември месец. Идеално време да се посети сервисот на BMW. Одам таму без куфер ама со бравата и клучот у џебот. Ме пречекува учтиво и пријатно дете, сервисер, и прашува шо може да направи за мене. Му кажувам дека веќе контактирав со мојот “матичен“ механичар и он ми кажа да дојдам за да ја види работата. Детето кажа дека е информирано за таа работа и со задоволство оно ќе ја кодира бравата ако јас му дозволам! Си викам ајде, почеток на месецот, платата стигната, ќе платиме и за работа ако треба. И така додека јас шпартам по продажниот простор на сервисот, ги гледам нај новите модели на BMW и TRIUMPH и чекам да детето ја кодира бравата на ново, ОП се појави мојот матичен механичар. Муабетот беше не за брава, клучеви или куфери, туку за една моја “забелешка“ во графата на BMW Motorrad Schweiz во која требаше да напишам како сум задоволен со сервисот на мојот моторцикал во годината 2022. А управиме работата, завршиме муабетот, со понуда од страна на матичниот механичар, да на пролет кога ќе почнам да го возам моторот, поминам кај нив и ОНИ уште еднаш подетално ќе ја разгледале мојата “забелешка“… Здравје, тоа на пролет пак ќе гледаме. И така дури правеме муабет со матичниот механичар за “Светот и Господ“ се појави детето со бравата и заклучокот дека мојата брава била од “стар тип и била залеена“ и они неможеле да ја кодират, ама може да ми кодира нова!!! ГУТ. Кога е бал, нека биде маскенбал!
И така пристигнувам јас дома со нова брава за куферот, старта брава во џеб, и ќесенце со неколку пинови од новата брава. И преработи. Преработи нагонот кон ОТО и “направи сам“. Земам чеканот! мојот штрафцигер за експерименти (еден стар и прежален) и… и сега имам две брави кодирани за куферот. Ама еден куфер.
Со години “трошев“ четири до пет рачни саатеви годишно. Условено од мојата физичка работа во фирмата саатевите се уништуваа механички или имаше и такви шо не издржуваа швајсување. И така секогаш имав еден или два во резерва. Се до пред едно шест седум години. Си купив еден CASIO дигитален часовник, од “првата генерација“ дигитални часовници. Го платив мислам, едно 20 – 30 франкови (на некое намалување беше). После тоа купував уште два три други кои се планирани за резерва на CASIO то, ама по се изгледа тиа во фиоката по прво ќе одкажат (ако веќе и не одкажале) со работа. АМА пред некој месец чекајќи на аеродромот, шеташ по тоа продавниците на аеродромот И ОП, интересен рачен саат. Пак проработи нагонот кон убави рачни саати. Нормално одма купен. Секако дека е нов и убав, не ќе го носам на работа, сега во зима кога на план и програма стои сервис и поправки на пола сепарација и на неколку машини. Ама за да “стои“ дома нема да биде убаво, зошто после неколку години пак си купив “механички автоматски саат“. Одма беше набавено и кутииче во кое саатот нема само да стои, туку одвреме навреме ќе биде движен за да не престани со работа. И така, првиот месец помина, а новиот саат желен за работа залетал, осум минути напред. Вториот месец уште по мотивиран, десет минути. Ама за тоа има лек, ќе отвориш, ќе завртиш на федерчето и чекаш, ќе видиш како работе. Та не еднаш виду кај вујко Ќиро. АМА нели гаранција, свеЦка марка, воа ноа, … одам во официјлната продавница, во Луцерн. Ме пречекува учтиво и пријатно моме, кое по сурет изгледа дека зборува најмалку седум-осум јазици, претежно за муштериите од далечниот исток. Добар ден, добар ден. Вака и вака виа саатот ми оде десет минути напред секој месец, може ли да го источните на ново? Го зеде, го стави на некој се уред, стисна седум осум пати, де со глувчето, де ЕНТЕР на компјутерот и кажа, НЕ. И ме праша дали сакам нов. Прашав дали новиот точно ќе оде или и за него после два месеци повторно ќе треба да идам кај нив за да пробат да го точнат? Ме убеди дека НОООГУ ретко нивните саати не оделе точно и дека ГОООлема можноста да новиот саат оди точно. ГУТ, дајте ми нов саат. И пак, ентер, ментер, отвори воа шкафче, отвори ноа шкафче, за да после десет-петнаесет минути ми соопшти дека нема нов саат, таков. Ми понуди да си одберам друг саат од нивниот сортимент, и дека за цената ќе се израчуна убаво. Гледав, ама ништо не ме привлечи. И така после некое време одлучивме да мојот саат се прати во сервисниот центар и они таму го источнат. НОРМАЛНО тоа ќе оди неколку денови, ама за тоа добив корисничко име и лозинка со кои во СЕКОЈ момент ќе можам да видиам до каде е стигнато со мојот налог/поправка!
И така си возам со мојата кола, која уште е со мотор на внатрешно согорување, слушам (уште) аналогно радио и се мислам по “старо“. Како ќе продолжи Светот кога ќе остане на оваа генерација, генерација наречена “Z“, генерација која треба да се наречи поточно “ентер“. Шо ќе правиме кога во Светот ќе завладее “Знаењето е сила, знаењето е моќ“? Баш ме интересира КОЈ ќе ги вградува ивишњаците ако сите, така “моќни“, седат на топло у канцелариите или дури и дома и стискат ентер. Каде оде Светот кој кука за штедење на ресурси и заштита на човековата околина, а не е способен да поправи и нај едноставна работа, туку без никакви напори и како наједноставно решение го има “фрли и дај ново“.