9 х 13 = ???
Со години имам “проблем“! Проблем со форматот, не со равенката. 9 х 13, со години ни беше СТАНДАРДЕН формат за фотрографија. Ќе се сликаш со одделението, ќе добииш 9 х 13. Одиш на екскурзија, фотографиите 9 х 13. Сликаш по дома, на одмори, секако дека заокружуваш да фотографиите бидат 9 х 13. И така се додека не осетиме дека 10 х 15 е малку подобро, а 13 х 18 па ептен убаво нешто. Добро малку и по скапо.
Имаше на времето, кога се сликаме, да некој не сака да си нарача ни 9 х 13, оти беа скапи и “само слико“, а за слико толку пари да дадиш… Е сега тие личности немат успомени од тоа, минато, време. Во денешно време сите се сликаме ама форматот е .jpg, .png, .tiff или слично. СИТЕ имаме доволно фотографии, ама после неколку години … ? кој знае. Тие сите фотографии што лежат на интелегентните телефони, хард-дисковите и други електронски медиуми, ќе ги снемува со снемувањето на уредите…
40 х 60. Овој формат ми постана “најубав“ од кога почнав да ги изложувам моите фотографии по галериите и изложбите (ама и тоа е минато време). Мојот нај голем пријател Дарко уште после првата изложба ми кажа: “Шо по голем принтот на фотографијата, толку повеќе доаѓа до израз“. Па така по убавите фотографиите беа изработувани и до 60 х 90. А коштат нешто, таквите фотографии во нај основна изведба (само постер принт) кошта измеѓу 30 и 50 сакаш франкови кажи, сакаш евра. За една пристојна изложба ти требат најмалку 20 фотографии по добро е околу 40. Плус некој рам или држач, плус некоја “ситница“, плус каталогче, реклама … и така изложбите за мене постанаа не интересни.
Некоја година, мината одамна ногу, во некој музеј во Швајцарската конфедерација. Шетаме и ги разгледуваме изложените експонати. Во една просторија, изложени документи и скици ногу, и на број и на старост, плус стари фотографии, во разни формати 😉 , и бројни монитори исто во разни големини на кои одат филмови, презентации и слики од експонати кои поради специјалниот третман не се изложени “во живо“ (оригинал).
ШТРАААК!!! Тогаш ми дојди идеја/желба да мојата изложба на фотографии следниот пат биде во тој стил “МУЛТИМЕДИЈАЛНА“ !!!!
Поминаа, направив уште неколку изложби “класични“ и последната која беше планирана да биде мултимедијална, помина класично. Од планираните пет монитори, се обезбеди еден. И тоа беше само телевизор, кој разбираше само филм.
По патиштата на Швајцарската конфедерација, секоја година поминувам по некој километар. Во последните години “пробувам“ некои од возењата да ги забележам со видео запис!!! Некогаш е добро, некогаш нихт функционирен. Зависно од расположението на мојата сакана и мразена камера *GoPro*.
И така некогаш “направив концепт“ за мојата следна изложба, мултимедијална 😉
На едниот монитор оди филм од дневните активности (возењето, паузите, посетите на ресторантите…) на друг оди паралелно фотографии од местата каде моментално поминувам со моторот, на трет фотографии од таа област направени во други прилики, на четвртиот и петиот фотографии од “слободни теми“ и на неколку места фотографии “растегнати“ на платно, спремни за продажба 🙂
Е СЕГА. Со години не успеав на направам “целодневен“ филм. Па за тоа се јавува, интерес, идеја да филмот не е еден, туку од повеќе филмови се направи некоја целина. И така времето оде, хард-дисковите се полнат, а “изложбата“ никако да се почне да се подготвува.
АМА, во лето Господово 2022 ро, беше сум успеал да направам материјал за четири саати видео/филм. И не е лошо, ама и не ме задоволува доволно. Мислам дека може по убаво да се направе. И за тоа ќе треба друго лето 🙂 , или есен?
Во секој случај, сега направив барем еден чекор напред. Сега знам (имам) неколку работи кои треба да се направат по добро за да го добијам вистинскиот правец…
А до тогаш, ќе можеме да подгледнуваме на досегашните “краткометражни филмови“ или на едниот (прва проба) целодневен запис. ( п.с. филмот е маркиран па човек може да го гледа во епизоди, маркиците во описот на видеото…)
А ДА!
КОЈ ФОРМАТ ЌЕ БИДЕ???
Незнам, оти форматите, денешни ниту мајка, ниту маќеа имат.
9 х 13, 10 х 15, 40 х 60, А2, 2:3, 3:4, 5:4, 9:16, 4к, 8к ….
Кога ќе дојде време, ќе ги мааниме заревите и “шо ќе му дојде“!