Пара на рака, Мара за рака!

Си седам и си мислам, шо правеме ние шо нашите родители не правеле и за тоа ни зборувале дека Светот оде у неповрат? Ровам по воа спомените и меморијата која полека се полни со нови информации па старите избледуваат и си мислам дали тоа одењето по кафиќи, дискотеки, серенадите не се и они оделе по серенади, слушањето на странЦка музика, ефтините холивудски филмови, фармерките од Трст, шо ли не правеше да нашите родители гледат во нас не способни личности???

И мислам дека пораснаме, созреаме, и колку толку успеаме да дојдиме на тоа дереџе, сега ние да мислиме дека младите немат врска од животот и дека Светот го водат во пропас.

Или сето тоа ти е нај нормална еволуција која треба да ја прифатиме. Ама тешко ми оде тоа, прифаќањето на новото “нормално“. Во последно време се повеќе имам проблем со некои “промени“ кои без наша согласност полека се впиваат во порите на секојдневието. Се почести се ситуациите во кој не важи чесниот збор и поштениот договор. Мара умре. Мара од “Пара на рака, Мара за рака!“ умре. Сите “трговци“ сега сакат прво да видат пари па после за робата ќе правиме муабет. А мене ме нервира тоа. Ме нервира тоа оти деца од генерацијата ЕНТЕР ме убедуват дека то е НОРМАЛНО!!!

Одам у наједноставна пивара, земам еден картон пиво и одам на касата да платам. 13,50 – вика продавачот. Вадам од новчаникот двајска и му ја давам.
Не ли сакате да платите со карта – прашува продавачот?   ЈАС – ?!?!?!? НЕ.
Успеа да ја отворе касата и да ми врате кусур…. Па да. Ако платам со карта ОН ќе не мора да зема и брои пари. ДА броењето пари и враќање кусур за денешните продавачи е стрес.

Мојот нај сакан мото-сервис, со години набавувам делови и делчиња за моите моторцикли. Од времето кога деловите сам си ги земав од магацинот, па период кога мајсторот само шо ќе му кажев кој сум и кој мотор не ми работе убаво па он ќе ми каже и шо му е на моторот и шо треба да сменам и ќе го спреме да си го земам, преку телефонски нарачки од Македонија, дојде степен да ЈАС на “продавачот на резервни делови“ му спремам листа на делови со број на делот за ОН да нарача делови АМА ако јас платам унапред! Епа браќа (и сестри) јас стварно сакав да се “дружиме“ и бев спремен да платам повеќе за вашата услуга, ама кога веќе “системот на работа и одозгора така кажаа“ ги менуват правилата на играта, тогаш јас ќе се фанам на другото оро, за мене по ефтино.

Знам тоа шо било не се враќа, сите ни ци легниме на брашното. Ама моментално сум толку револтиран шо НИКОЈ не прави напори да остане барем малку човечност меѓу нас, а не да не контролира ентерот и логоритмот “кај се парите“.