Паркинг гратис – паркинг 14.- фр.
влез 15.- фр. – влез 26.- фр.
каталози гратис – каталози на интернет
проспекти за секој модел – информации преку QR-code
рекламен материјал, 2-4 торбички – рекламен материјал ø
сервола, братвуршт, пиво, вода – “foodtruck street“ (една хала со штандови за храна од цел Свет!!!)
Тешко ми оде мене преминот на ова општество од “аналогно“ во “дигитално“. Не можам да го сварам виа светот на еденици и нули, поготово на “големите нули“. Си го сакав и уште мечтаам за времето кога ќе го отвориш проспектот за YАMAHA RD 500 YPVS, и ќе прочиташ, 4 цилиндри, ве (V) мотор, 499 кубика, 90 коња, 9500 обртаи, 4 Mikuni карбуратори, 180 кила, напред 16ка, назад 18ка гума…. времето кога купуваме мотори кои имаа карактер скреин зад кубиците, коњажата и килажата. Денеска се продава скроз поинаку, значи прво нема проспект, туку ако сакаш повеќе информации за дотичниот модел, треба да го најдеш на ЊЊЊ или како вчера на некоја изложба, го скенираш QR-code кој пак ќе те “однеси“ на ЊЊЊ и ќе може да ја проследиш “презентацијата“ која најчесто “продава“ емоции, лааЈф стааЈл, слобода и шо ти знам шо….
А саемовите/изложбите на моторцикли од секогаш биле многу посетувани. Уште од времето на 2-Rad-Schweiz, некаде средината на деведесетите години од минатиот век, кога секоја втора година воземе и до Женева да го посетиме (оти секоја втора година менуваше место на одржување помеѓу Цирих и Женева), па до вчера во Берн со најновото име “Мотофестивал“, семот за моторцикли бил посетуван од публика помеѓу осум месеци и 88 години… 🙂 Како што е различна возраста, така различна е и “сликата“ на посетителот, од закоравени моторџии кои смрдат на никотионот од лани, до дами кои шетаат со “Луј Витон“ и мирисаат на скапоцени парфеми. Од апсолутни експерти, до безконечни “нули“. Секој од нас на саемот ќе открие НЕШТО шо го интересира.
Сѐ течи, сѐ се менува. Беше рекол некој филозов, или боем, или пијаница ?!?!? Важно ептен тачно е тоа. Промените не се запирливи. Е сега јас шо моментално имам НОООГУ проблеми со “општата ситуација“, тоа е проблем, мој. Вака кога ќе замислам за минатото време секогаш се сеќавам на убавите моменти. И за тоа викаме порано се беше по убаво. Ама ако се размислам јас (или секој од нас) и поразбуричкам по “темните ќошиња“ и во по задните делови од сталажата у “подрумот“ ќе видам дека и у ‘98та не било се китка за мирисање. Се сеќавам на времиња кога на саемовите одев за да си купам кацига, не дека таму има по убави или по нови, тиа беа секогаш не достижни, ами заради тоа шо во тоа време на немање интернет-шоп само на тиа такви изложби, саемови можеше да се најде нешто убаво а намалено 20 – 30%, таман колку шо беше буџетот за таа година. Сега одам на саем и гледам, може да си купам барем еден мотор од тиа шо ме бендисуват… И после за “рачка“ це фанам, не купувам мотор оти нема проспект, туку треба да гледам у интернет… ПАПАЛАПАП!
Ногу сакав да отидам на штандот на IXS и си направам муабет со одговорните за продажба и ги прашам зошто не ги учат нивните продавачи да бидат искрени. Зошто кога купуваш палто кое кошта повеќе од пет франкови, не се осмелуват и да ти кажат: “слушај бе Ѓока, воа палто не е за тебе. Тебе ти треба палто во “кратка“ големина!“. Ама дигиталното општество, општеството на еденици и НУЛИ, е наострено да се продава, угу и по секоја цена. Да се продаде тоа шо е тука, после ако имаш проблеми може да се јавеш на “хотлААЈнот!“. Ама па ако “имаш среќа“, ќе добиеш сервисно бројче, корисничко име и лозинка со кои ВО СЕКОЈ МОМЕНТ ќе го пратиш статусот на твојота нарачка/налог.
Сакав да му отидам, ама не можев. Они, IXS, не беа на Мотофестивалот. Немаше и штандови со алати за сервиси/работилници за мотори. Немаше штандови за додатна опрема/делови за мотори. Сичко това е префрлено на ЊЊЊ 🙁
И така, денес, понеделник 27 февруари, лето Господово 2023 то, си седам на топло, ги пишувам овие редови, се кријам од најладниот ветер оваа година и чекам. Чекам конечно да поминат виа месеците со “Р“ и како секој нормален моторциклист земам моторката и почнам да шпартам по патиштата на Швајцарската Конфедерација и ближните ни држави и конечно дојде време кога ќе може да се “полнат батериите“, оти воа вака не е веќе за издржување.