Отвараш славината за безин, даваш контакт, саухот на двојка и стискаш СТАРТ.
Стариот боксер, двоцилиндраш, изладен на зимски четири степени завртува и од ауспусите слушаш “музика“. Преде “ѓоа Сингерица“!!! ЗОШТО БЕ ?!?!? ЗОШТО???
Мислите летнаа!
Летнаа некаде почетокот на осумдесетите години од минатиот век. На трафиките (зошто се вика трафика ???) у тоа време покрај останатото можеше да се купи “Политикин забавник“, “ИТД“ и т.н. У тиа списанија можеше да се прочита за, ниа, напумпаниот, Арнолд, Арнолд Шварценегер. МИСТЕР на УНИВЕРЗУМОТ. У тоа време немаше фитнес центри, теретани или слично. Сите шо сакаа да бидат како Нолди, мораа сами да најдат кутии од уље, за почеток, или од сирење, за по спремните, и сами да си замешат чименто и да ја забодат водоводната цевка – И ОП, тегови. Се сеќавам на труица кои по озбилно се занимава со поместување на тегови од ИНА конзерви. Нај добар, или нај познат беше Тони Зис. И да не беше у Кавадарци туку у некое по големо село, дечкото можеби ќе го стигнеше и Шварценегер. Симо комшијата, тренираше ама само да личе убаво, и убаво личеше. Не се напумпа ногу. И едно Злате, мислам така се викаше. Детто можеби и нај личен бодибилдер ќе беше да имаше каде да се покаже…
Ние другарите не правеме тегови, имаше подинечни покушаи да од кантите за уље со помош на “комбинатски лепак“ се направат еден вид на “бубњеви“ како на чи Ринго Стар ама тоа е друга прикаска … 🙂
Ама шо ми беше зборот, за телесната спремност се занимаваме со туркање. Туркаме од ТОМОСИ, туркаме ЧЕЗЕТКИ, туркаме ФИЌИЊА, туркаме СТОКЕЦОВИ. А парадни дисциплини ни беа туркање на ЈАВА и туркање на ШКОДА! Тука ќе беме свеЦки прваци. Јас мислам да имало некој од ниа менаџерите на боб тимовите да не видел, КРАЈ. Олимпииски прваци у боб! Ќе не мораше ни да се качуваме у тоа санката, на туркање до целта, И ПРВИ!!! Таа ЈАВАТА на Каровецот, мислам ако некој броел колку а туркаме, ќе беше доволно да се заврте Земјината топка еднаш (нај малку!) по еквадорот. А ШКОДАТА а извежбаме, па не а туркаме само на надолнинки, и нагоре. После незнам колку илјади туркања, и милиони километри, се најди некој која ја откри МИСТЕРИЈАТА НА СВЕТОТ, т.е. болеста на ЈАВАТА.
Радилицата!
Радилицата била таа која била лабава па на секое ново туркање имавме “задоволство“ да ја туркаме со друго подесување на палењето. Е сега, не можам да речам дека само а туркаме. Неколку пати ни успеа и да ја запалиме. И ТОГАШ, како ниа на боб санките, кој се качи качи, ќе искористеше едно возење.
Така сега и моето сакано и милувано БМВ. Неколку пати ме зафркава. Еднаш работе како “Сингерица“, некој пат работе како нешто помеѓу ФАП 13ка и машина за сечење дрва…. Проблемот е шо баш вие денови пак залади, и пак фрлат сол по патиштата и не сакам да го изнесам од гаражата и да го “издувам“! Ќе се извршат уште неколку “суви тренинзи“ и здравје еден убав пролетен ден ќе го издуваме ѓоа ваквоа…