Си седам и се мислам….
Мислам и утврдив дека моментално не сум “член“ ни на едно друштво, здружение, организација или такво нешто. Последно членство беше во “Фотоклуб Швиц“, пред тоа во “Јужнословенскиот Културен Форум, во Цирих“, а ногу години по “МакедонЦките“ организации во Швајцаријата. Со последните се разделив бидејќи најголемиот дел од членовите во друштвата и организациите не сакаа да разберат ЗОШТО се создава и кои активности треба да ги имат друштвата/здруженијата кои ги формираш повикувајќи се на националните основи. Второто, “Јужнословенскиот Културен Форум, во Цирих“, беше нај прекрасното здужение во кое досега сум членувал. Активности кои во 100% се поклопуваа со статусот и планот за работа на здружението, милина да одиш да се дружиш и секоја работа беше задоволство. За жал “геополитичката и економската“ ситуација го замре дружењето…. Фотоклубот Швиц. Членував скоро три години. Ама нашите патишта се разделија поради различните погледи кон дружењето. Фотографијата како визуелна дисциплина, јас ја доживувам како можност за презентирање на безбројни ситуации преку безбројни фотографии (барем денес во дигиталната ера кога фотографиите не мора да се графираат на хартија). АМА мене не ми е јасна филозофијата на “осветлување“ на некој мотив, за после да исчезне во темнините на тајните папки!?!?!?
Исто сум “член“ на фацебук и на инШтаграм. И тука сум “на сила“ со години. Секое вклучување во социјалните мрежи кај мене предизвикува нервоза. Фацебукот колку толку уште “ги чува“ фотографиите кои средено ќе ги презентираш кај нив, па уште ми дава мотивација да оставам по некоја фотографија за целиот свет. Може ќе ја видат и само четворица, ама ако се вистинските четворица 100% сум среќен. На фацебукот има и групи, и таму следам неколку “групи“. Има како и во МакедонЦките друштва, убави работи да разбериш, ама има и тртеи кои никако да ја разберат целта на конкретните здружувања.
Иначе моите интереси фотографијата и моторциклизмот малку патат во зима. Моторите не ги возам, а за фотографијата имам малку прилики, дури сум завршил со работа, оно се стемнило. И така активностите околу моите хобија во зима се сведуваат на подготвоки, прередување, спремања и се шо може да се направи под суво и во топло.
Пред некоја недела во склоп на зимските активности, отидов да го “запалам“ моторот за да поработи малку, да загрее, да се размрда, да се “освежи“ акумулаторот. Запали ногу тешко и работеше ИЧ не убаво, не својствено за еден BMW boxer. И ајде! Напад со расположивиот арсенал. Расштрафување на карбуратори, набавки на дихтунзи, чистење, подесување СЕ како шо пишува во светите книги на BMW.
Во тиа денови додека се чешаке на испорака на материјал и додека бев на работа, си викам де да “прошетам“ по форумите на интернетот, преди ногу години убави информации се цицаа од конкретни форуми за конкретни работи. И така си викам ајде за контрола на стореното и мислења од други патилци да напишам две прашања околу подесувањето на моторот. Ама не прашувам тоа шо го пишува во секој сервисен прирачник и кое може да го прочиташ на 4795 страни (најмалце), туку ќе прашам за искуствата на човеците кои еднаш или повеќе го работеле тоа, подесување на веќе стари мотори.
И така поФторно дојдов во контакт со “членови“ на форумот кои во своето секојдневие се осамени и фрустрирани, па читав одговори со кој сигурно може да се положат неколку испити на машински факултет. Ама конкретно, за моите прашања не добив никаков одговор, до сега.
И така си седам и се мислам, колку човеците сме забегани и изгубени помеѓу овоземскиот свет и дигиталниот. Напорно е да се прилагодуваш спрема масата на фрустрирани и не доизживеани индивидуи.
За денес беше планирано последното подесување и пробно возење на БеМеВе то, ама Св. Петар имал други планеви, па ни пушти малку снег. Ќе остане да се почека до утре и да се виде дали ќе биде по пријателски по патиштата на Швајцарската Конфедерација или ќе завршиме со пробно возење во гаражата…